Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски во Солун на средба со Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е врвен приоритет за поврзување со Косово

    18.06.2026 во 20:20

    Ковачки: Македонија денес е побезбедна

    18.06.2026 во 20:13

    Почина 5-годишно момче кое се удави во базен во Јаши

    18.06.2026 во 20:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски во Солун на средба со Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е врвен приоритет за поврзување со Косово
    • Ковачки: Македонија денес е побезбедна
    • Почина 5-годишно момче кое се удави во базен во Јаши
    • Земјотрес од 3 степени го погоди грчкиот остров Крит
    • Итна изјава од семејството на Меси: Таткото на фудбалерот е под медицински надзор
    • Наставник осуден на доживотен затвор за убиство и свирепо малтретирање на посвоено бебе – Хорор во Велика Британија
    • Не одете на море во Грција без ова: Едно парче хартија и мал предмет во багажникот можат да ви го уништат одморот
    • Со нив нема здодевни денови на плажа, одморот се претвора во незаборавно искуство – Хороскопски знаци со кои забавата е загарантирана
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски во Солун на средба со Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е врвен приоритет за поврзување со Косово

    Николоски во Солун на средба со Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е врвен приоритет за поврзување со Косово

    18.06.2026 во 20:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во рамки на министерскиот самит во Солун оствари билатерална средба со министерот за инфраструктура и транспорт на Косово, Димал Баша.

    Како што соопштија од ресорното Министерство, на средбата било разговарано за унапредување на економската и трговската соработка меѓу двете земји, како и за реализацијата на заеднички регионални инфраструктурни проекти од стратешко значење.

    На состанокот било оценето дека Македонија и Косово имаат одлични билатерални односи и значителен потенцијал за натамошно зголемување на соработката, особено во областа на транспортната инфраструктура.

    Николоски посочил дека Владата е целосно посветена на реализација на капиталните инфраструктурни инвестиции, при што стави посебен акцент на изградбата на автопатската делница Скопје – Блаце.

    • Овој проект претставува најзначајната патна врска меѓу Македонија и Косово кој ќе придонесе за побрз, побезбеден и поефикасен патен транспорт, ќе ја подобри мобилноста на граѓаните и стопанството и дополнително ќе ја зајакне регионалната соработка – нагласил Николоски.

    Соговорниците се согласиле дека подобрата транспортна инфраструктура ќе овозможи поинтензивна економска активност, полесен проток на луѓе и стоки и ќе создаде нови можности за инвестиции за бизнис-заедницата.

    На средбата било потенцирано дека Косово е еден од најзначајните трговски партнери на Македонија, а реализацијата на заедничките проекти ќе придонесе за зголемување на трговската размена и одржлив економски раст.

    Двете страни ја потврдиле својата подготвеност за интензивирање на институционалната соработка со цел побрза реализација на проектите што се од заемен интерес за граѓаните и економиите на двете земји.

    Прочитај повеќе

    Ковачки: Македонија денес е побезбедна

    18.06.2026 во 20:13

    Радев одби средба со Мицкоски

    18.06.2026 во 18:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.