Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВИДЕО: Ајкула подолга од три метри снимена во Јадранското Море
    • Виница се подготвува за нова дезинсекција против комарци
    • ФОТО: Елвир Мекиќ се прости од својот брат: Познат датумот и местото на погребот
    • „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ
    • Цената на нафтата продолжува да расте
    • ВРЕДИ: Во ДУИ не се спие мирно, сите стравуваат што може да каже Груби
    • Татко си ја убил својата осумгодишна ќерка – Хорор во Грац
    • ВИДЕО: Исплива снимка од апсењето на убиецот од Ксамил, се криел во гепек
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Дива депонија во Сарај се чисти и ќе прерасне во голем модерен парк

    Ѓорѓиевски: Дива депонија во Сарај се чисти и ќе прерасне во голем модерен парк

    18.06.2026 во 16:402 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Просторот покрај реката Вардар во општина Сарај, на патот кон селото Рашче, кој до неодамна служеше како дива депонија, целосно се чисти и се подготвува за изградба на нов современ парк.

    Локацијата денеска ја посетија градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на општина Сарај, Мухамед Елмази, и министерот за животна средина, Мухамед Хоџа.

    Како што беше посочено при увидот, запуштениот простор ќе биде комплетно ревитализиран и хортикултурно уреден за потребите на локалното население.

    „Денес, заедно со градоначалникот на општина Сарај, Мухамед Елмази и министерот за животна средина Мухамед Хоџа, го посетивме просторот покрај реката Вардар, на патот кон селото Рашче, место кое до вчера беше дива депонија, а денес веќе се чисти и се подготвува да добие сосема нов лик. Овој запуштен простор ќе прерасне во голем, модерен и уреден парк, со хортикултурно и партерно уредување, зелени површини и содржини за рекреација, одмор и дружење на жителите од овој дел на Сарај“, истакна Ѓорѓиевски.

    Паралелно со оваа активност, најавена е и обнова на постојниот мега-парк во оваа општина, кој долги години беше надвор од приоритетите за одржување.

    „Истот така, наскоро започнуваме и реконструкција на мега-паркот во Сарај, кој децении е оставен во негрижа. Ова место има природна убавина, има потенцијал и заслужува грижа. Не заслужува отпад, запуштеност и заборав, туку живот, зеленило и простор во кој граѓаните ќе уживаат“, се наведува во објавата.

    Ѓорѓиевски потенцираше дека заложбите за рамномерен развој на сите скопски општини и понатаму остануваат главен фокус на локалните власти.

    „Вложуваме во секој дел од Скопје, затоа што сите наши сограѓани заслужуваат еднакви услови, уредена околина и подобар квалитет на живот. Како што ветив, продолжуваме со изградба на паркови, зелени површини и јавни простори кои му даваат нова вредност на градот. Скопје го менуваме со дела. А на сите нас останува обврската да го чуваме секој уреден простор како свој дом“, порача Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: 115 средношколци од Скопје заминаа на бесплатен едукативен камп во Охрид

    19.08.2026 во 09:59

    Што ќе има на „Карпошово културно лето“: 10 дена музика, филм, изложби и забава

    19.08.2026 во 09:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.