Close Menu
Press24
    Најново

    Филмска брканица на автопатот кон Скопје: Со „мерцедес“ удрил во дрво и побегнал, во возилото пронајдени 12 мигранти

    18.06.2026 во 16:14

    Трагедија во Ресенско: Пронајден починат маж покрај превртен трактор

    18.06.2026 во 16:05

    Мицкоски: Македонија се соочува со сериозен проблем со демографијата

    18.06.2026 во 15:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филмска брканица на автопатот кон Скопје: Со „мерцедес“ удрил во дрво и побегнал, во возилото пронајдени 12 мигранти
    • Трагедија во Ресенско: Пронајден починат маж покрај превртен трактор
    • Мицкоски: Македонија се соочува со сериозен проблем со демографијата
    • Николоски и Софронијевиќ разговараа за брзата пруга на Коридор 10 и гасниот интерконектор меѓу Македонија и Србија
    • Филипче: Власта ја троши иднината на младите додека младите ги пакуваат куферите
    • Филипче: Единствен виновник за блокираниот европски пат е Мицкоски
    • Мажите во Македонија во просек умираат на 72,2, а жените на 76,6 години
    • Мицкоски: Блиску сме до носење одлука државата преку АД ЕСМ да го финансира и гради проектот Чебрен и Галиште
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филмска брканица на автопатот кон Скопје: Со „мерцедес“ удрил во дрво и побегнал, во возилото пронајдени 12 мигранти

    Филмска брканица на автопатот кон Скопје: Со „мерцедес“ удрил во дрво и побегнал, во возилото пронајдени 12 мигранти

    18.06.2026 во 16:141 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дванаесет мигранти се пронајдени во патничко возило „мерцедес“, откако возачот претходно одбил да застане на полициски знак, предизвикал сообраќајна несреќа и побегнал во непознат правец.

    Случајот во СВР Скопје бил пријавен вчера, на 17.06.2026 година околу 19:47 часот, кога било соопштено дека на автопатот од Градско кон Скопје се движи сомнително возило со регистарски таблички кои припаѓале на друг автомобил.

    Откако возачот не застанал на знакот за запирање издаден од полицијата, на клучката кај Миладиновци свртел назад и продолжил да се движи по земјен пат во селото Блаце, општина Петровец.

    Бегајќи од полицијата, возачот изгубил контрола и со возилото удрил во дрво, по што веднаш излегол и го напуштил местото на настанот.

    Полициските службеници по пребарување на теренот го пронашле оставеното возило, во кое биле затекнати 12 мигранти. Меѓу нив, пет лица биле со потекло од Египет, додека останатите седум биле од Турција.

    Мигрантите веднаш се обезбедени и во тек е нивно сместување во транзитниот центар Табановце.

    Од Министерството за внатрешни во работи информираат дека во моментов се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

    Прочитај повеќе

    Трагедија во Ресенско: Пронајден починат маж покрај превртен трактор

    18.06.2026 во 16:05

    Обвинителството и Финансиска полиција во голема акција: Се тресе на повеќе локации во Скопје

    18.06.2026 во 12:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.