Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче: Власта ја троши иднината на младите додека младите ги пакуваат куферите

    18.06.2026 во 15:06

    Филипче: Единствен виновник за блокираниот европски пат е Мицкоски

    18.06.2026 во 14:54

    Мажите во Македонија во просек умираат на 72,2, а жените на 76,6 години

    18.06.2026 во 14:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Власта ја троши иднината на младите додека младите ги пакуваат куферите
    • Филипче: Единствен виновник за блокираниот европски пат е Мицкоски
    • Мажите во Македонија во просек умираат на 72,2, а жените на 76,6 години
    • Мицкоски: Блиску сме до носење одлука државата преку АД ЕСМ да го финансира и гради проектот Чебрен и Галиште
    • Мицкоски: Вративме 4,6 милијарди евра стари долгови, проектираме економски развој
    • Филипче: Владата должи 200 милиони евра за поврат на ДДВ – фирмите се пред колапс
    • Пејачка фатена во нова романса: Шакира го напуштила хотелот среде ноќ со овој маж
    • Почина Самара од култниот хорор „Прстен“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Власта ја троши иднината на младите додека младите ги пакуваат куферите

    Филипче: Власта ја троши иднината на младите додека младите ги пакуваат куферите

    18.06.2026 во 15:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp


    Власта ја троши иднината на младите додека младите ги пакуваат куферите и се иселуваат, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес – конференција. Филипче посочи дека Владата на ВМРО за две години не воведе никакви мерки за да ги задржи младите во државата.

    „Младите се целосно запоставени. Никој не води грижа за нив. Нема програми за вработување, нема подршка за нивното стамбено прашање да се реши,едноставно нема визија за тоа како младите се задржат во земјата и затоа масовно ја напуштаат земјата“, рече Филипче.

    Тој додаде дека оваа власт им ја одзема и последната надеж на младите дека тука во својата татковина може да напредуваат и да градат кариера.

    „Оваа власт им ја одзеде надежта на младите генерации дека во земјава ќе може добро и квалитетно да се живее, тука дома, кај што треба да живеат и да го градат животот. За жал не е така“, рече Филипче.

    Воедно, Филипче посочи дека за две години наместо реален економски развој и повисоки плати, власта единствено ги зголеми догловите, што е дополнителна причина за иселувањето на младите.

    „Падна животниот стандард, сиромаштијата е во пораст, луѓето, посебно младите, се повеќе се иселуваат. Цените во маркетите растат без контрола. Ова власт после зголемувањето на цените на енергенсите, на горивата, не направи ништо да го спречи растот на цените. За само за само две години од 8,5 милијарди евра јавниот долг порасна  на скоро 11 милијарди евра.Имаме празен буџет, немаме развојни програми, немаме поддршка на компаниите, само нови кредити кои што ќе ги враќаат следните кој знае колку генерации“, рече Филипче.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Единствен виновник за блокираниот европски пат е Мицкоски

    18.06.2026 во 14:54

    Филипче: Владата должи 200 милиони евра за поврат на ДДВ – фирмите се пред колапс

    18.06.2026 во 14:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.