Close Menu
Press24
    Најново

    Вреди: Извештајот на Европскиот парламент потврдува дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија

    18.06.2026 во 13:09

    Нова иницијатива за спречување на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем

    18.06.2026 во 12:53

    Тошковски: Не смееме да дозволиме насилството од домот да се пресели во училиштата

    18.06.2026 во 12:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вреди: Извештајот на Европскиот парламент потврдува дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија
    • Нова иницијатива за спречување на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем
    • Тошковски: Не смееме да дозволиме насилството од домот да се пресели во училиштата
    • Уапсен Илчо Ѓорѓиоски за финансиски малверзации додека бил прв човек на ФФМ
    • Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
    • Протекоа детали – акција е поврзана со ФФМ: Истражители и полиција на терен низ Скопје
    • Обвинителството и Финансиска полиција во голема акција: Се тресе на повеќе локации во Скопје
    • Родителите на Коста К кој изврши масакр одат в затвор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вреди: Извештајот на Европскиот парламент потврдува дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија

    Вреди: Извештајот на Европскиот парламент потврдува дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија

    18.06.2026 во 13:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дебатата што се одржа во Европскиот парламент за Извештајот за Северна Македонија и пораките што ги упатија европратениците претставуваат јасна потврда дека европската перспектива на нашата земја е жива, реална и остварлива.

    ВЛЕН го оценува како особено важна пораката на известувачот за Северна Македонија, Томас Вајц, дека нашата земја има потенцијал и капацитет да биде дел од следниот бран на проширување на Европската Унија. Ова докажува дека европските институции и понатаму ја гледаат Северна Македонија како дел од европското семејство и како доверлив партнер во регионот.

    За ВЛЕН, европската интеграција не е само политичка цел, туку и стратешка и цивилизациска определба која гарантира владеење на правото, функционални институции, економски развој, повисок животен стандард и подобра перспектива за граѓаните.

    Веруваме дека патот кон Европската Унија поминува преку вистински реформи, борба против корупцијата, зајакнување на владеењето на правото, ефикасна администрација и транспарентни институции. Токму затоа, ВЛЕН ќе продолжи да придонесува со одговорност и решителност во исполнувањето на реформската агенда и во унапредувањето на евроинтеграцискиот процес.

    Во овој контекст, сметаме дека добрососедските односи, конструктивниот дијалог и почитувањето на европските вредности претставуваат суштински елементи за успехот на овој процес.

    ВЛЕН стои цврсто на страната на европската интеграција и ќе продолжи да работи за унапредување на процесот на интеграција на Северна Македонија во Европската Унија, како стратешка државна цел, стои во реакцијата на Вреди испратена до медиумите.

    Прочитај повеќе

    Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски

    18.06.2026 во 12:23

    Трајков: Европската иднина на Македонија се гради преку знаење, реформи и соработка

    18.06.2026 во 11:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.