Close Menu
Press24
    Најново

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50

    Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења

    02.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово
    • Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си
    • Пожар во маркет во центарот на Скопје: Горела кујната за готови јадења
    • Берово: Четиригодишно девојче итно пренесено во болница откако проголтало капсула за перење
    • Драма во Охрид: По расправија за паркинг, 73-годишник вперил пиштол кон скопјанец
    • Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците
    • Змија влегла во куќа во струмичко – интервенирале пожарникарите
    • Гори кај Кванташки пазар – ЦУК со најнови детали
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски во Даблин на средби со ирски државни претставници – ЕУ во фокусот

    Муцунски во Даблин на средби со ирски државни претставници – ЕУ во фокусот

    17.06.2026 во 08:081 Min Read
    МНРиНТ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе престојува во Даблин, каде што ќе оствари работна посета на Ирска. Во рамки на посетата, предвидена е средба со ирската министерка за надворешни работи и одбрана, Хелен Мекенти.

    Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, покрај билатералните односи меѓу двете земји, значаен дел од разговорите ќе биде посветен на претстојното шестмесечно претседавање на Ирска со Советот на Европската Унија, како и на актуелните европски и регионални прашања.

    За време на престојот во Даблин, Муцунски ќе има средби и со пратеници и членови на Заедничкиот комитет за прашања поврзани со Европската Унија во двата дома на ирскиот Парламент. Воедно, тој ќе се обрати и во Институтот за меѓународни и европски работи (IIEA), еден од најреномираните ирски истражувачки центри што се занимава со меѓународни односи, европски политики и безбедносни прашања.

    Од Министерството посочуваат дека посетата се реализира во пресрет на ирското претседавање со Советот на ЕУ и претставува можност за дополнително продлабочување на билатералната соработка. Истовремено, таа има за цел да обезбеди континуирана поддршка за европската перспектива на државата, процесот на проширување на Унијата и спроведувањето на реформите неопходни за напредок кон полноправно членство во Европската Унија.

    Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Приведен полицаец – пукал со службениот пиштол пред ресторан во Кратово

    02.08.2026 во 16:02

    Семејна драма во неготинско: Пијан син се самоповредил со остар предмет, па го нападнал татка си

    02.08.2026 во 15:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.