Close Menu
Press24
    Најново

    Потпишана Декларација за спречување на насилството кај младите: Се воведуваат и казни за родителите

    16.06.2026 во 11:49

    Метео аларм: УХМР за утре најавува драстичен пресврт, од четврток стабилизација

    16.06.2026 во 11:35

    ВИДЕО+ФОТО: Носел златен накит вреден 1,5 милиони денари – Царината со богата заплена

    16.06.2026 во 11:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Потпишана Декларација за спречување на насилството кај младите: Се воведуваат и казни за родителите
    • Метео аларм: УХМР за утре најавува драстичен пресврт, од четврток стабилизација
    • ВИДЕО+ФОТО: Носел златен накит вреден 1,5 милиони денари – Царината со богата заплена
    • Манасков: СДСМ нуди бесплатен факултет и ваучери од 2.000 евра за секој матурант
    • Стојаноски: Создадени се 17.000 нови работни места, Македонија забрзува
    • АХВ спречи увоз на над 23 тони замрзнато пилешко месо од Бразил заради птичји грип
    • Масовен напад со украински дронови врз Москва: Запалена најголемата рафинерија на „Газпром Нефт“
    • Драма во Македонија: Три деца најдени во бесознание на улица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија чекор поблиску до инстант-плаќања 24/7

    Македонија чекор поблиску до инстант-плаќања 24/7

    16.06.2026 во 09:391 Min Read
    Народна банка на Република Северна Македонија
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Народната банка на Република Северна Македонија во соработка со Светската банка одржа работилница со банките, давателите на платежни услуги и релевантните државни институции, посветена на воведувањето на инстант-плаќањата засновани на платформата на клонот на ТИПС.

    Настанот е дел од континуираните активности за подготовка на платежната заедница во земјава за воспоставување национален систем за инстант-плаќања, како и за координирано приклучување кон регионалната платформа што ја развива Банката на Италија за земјите од Западен Балкан.

    Од Народната банка посочуваат дека во услови на забрзана дигитализација на финансиските услуги и растечки очекувања за брзи и едноставни плаќања, модернизацијата на платежната инфраструктура е клучна за развој на поефикасен и поконкурентен пазар.

    Воспоставувањето национален систем за инстант-плаќања е еден од стратешките проекти на Народната банка, со кој се очекува усогласување со европските стандарди и овозможување развој на нови дигитални платежни услуги.

    Во рамките на работилницата биле презентирани концептот и функционалностите на системот, правилата за учество, како и техничките и оперативните аспекти за приклучување на давателите на платежни услуги. Посебен фокус бил ставен на подготвеноста на учесниците во процесот.

    Со имплементацијата на инстант-плаќањата се очекува граѓаните и компаниите да добијат побрзи, поедноставни и подостапни услуги, достапни 24 часа дневно, седум дена во неделата.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    ВИДЕО+ФОТО: Носел златен накит вреден 1,5 милиони денари – Царината со богата заплена

    16.06.2026 во 11:30

    АХВ спречи увоз на над 23 тони замрзнато пилешко месо од Бразил заради птичји грип

    16.06.2026 во 11:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.