Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54

    Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања

    29.10.2026 во 19:52

    Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада

    29.10.2026 во 19:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина
    • ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев: Човековите права не се декларација, туку секојдневна обврска на институциите

    Минчев: Човековите права не се декларација, туку секојдневна обврска на институциите

    15.06.2026 во 14:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Човековите права не се тема што припаѓа исклучиво на законите, стратегиите или меѓународните документи. Тие се препознаваат во секојдневната работа на институциите, во начинот на кој се постапува по барањата на граѓаните, во квалитетот на услугите што ги добиваат и во одлуките што директно влијаат врз нивниот живот.

    Со цел дополнително да се зајакнат знаењата и капацитетите на административните службеници во оваа област, Министерството за јавна администрација и проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, финансиран од Европската Унија, денес потпишаа Меморандум за соработка и ја промовираа новата онлајн алатка за е-учење за човекови права.

    На настанот се обратија министерот за јавна администрација Горан Минчев, амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, како и Барбара Лигл, лидерка на Компонента 4 во рамки на проектот.

    Во своето обраќање, министерот Минчев порача дека квалитетот на јавната администрација не се оценува само според прописите што ги применува, туку и според довербата што ја создава кај граѓаните.

    „Довербата во институциите се гради тогаш кога граѓаните чувствуваат дека системот ги почитува нивните права, постапува правично и обезбедува еднаков третман за сите. Токму затоа знаењето, професионалноста и одговорноста на административните службеници се од суштинско значење за функционирањето на едно демократско општество“ истакна Минчев.

    Тој нагласи дека реформите во јавната администрација не се сведуваат само на нормативни промени, туку подразбираат и создавање култура на континуирано учење, професионален развој и постојано унапредување на институционалните капацитети.

    Во тој контекст, новата алатка за е-учење претставува практичен механизам преку кој човековите права ќе станат составен дел од процесот на стручно усовршување на административните службеници. Преку современи методологии и интерактивни содржини, платформата ќе придонесе кон подобро разбирање и примена на принципите на еднаквост, недискриминација, отчетност и почитување на човековото достоинство во секојдневното работење на институциите.

    Во рамки на настанот беше истакнато и значењето на континуираното следење и спроведување на препораките на националните и меѓународните механизми за заштита на човековите права, како и потребата од нивно поефикасно интегрирање во работата на јавниот сектор.

    Промовираната алатка ќе биде достапна преку системот за електронско учење на Министерството за јавна администрација ЛМС и претставува дел од пошироките активности за модернизација на јавната администрација и зајакнување на професионалните стандарди во јавниот сектор.

    Оваа иницијатива е во согласност со целите на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030 и ја потврдува определбата за градење институции кои работат професионално, транспарентно и во служба на граѓаните, при што почитувањето на човековите права претставува неразделен дел од нивното функционирање.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54

    Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања

    29.10.2026 во 19:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.