Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова се обрати на Амбасадорскиот совет
    • Татко и син нападнале полицајци кога ги фатиле со дрога
    • Двајца мажи од струшко нелегално копале минерални суровини и ја загадиле водата во Струга
    • Сандра Булок за болеста и смртта на партнерот Брајан Рендал: Ме замоли да не зборувам за тоа
    • Министерот Сулејмани во посета на културните установи во Струга
    • Мицкоски: Мала Преспа е доказ дека границите не можат да ги избришат јазикот, културата и чувството на припадност
    • Томовски: Институциите постапија веднаш, на граѓаните на Гостивар им беше обезбедена питка вода во континуитет
    • МВР пушти веб сајт Сејф сити за странските возила: Казните ќе си ги плаќаат електронски за да нема гужви на границите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Драстично падна цената на нафтата

    Драстично падна цената на нафтата

    15.06.2026 во 09:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Цените на суровата нафта на светските пазари паднаа за околу четири проценти по објавата на американскиот претседател дека е постигнат мировен договор со Иран, пренесуваат светските медиуми.

    Соединетите Држави ќе ја прекинат поморската блокада на иранските пристаништа во замена за слободен проток на комерцијалниот сообраќај низ Ормускиот Теснец.

    Како што пренесува Си-ен-ен, цените на суровата нафта од типот „брент“ паднаа за 3,9 проценти и таа се продава за околу 84 долари за барел.

    Истовремено, цената на американската сурова нафта бележи пад за 4,8 проценти и изнесува 81 долар за барел.

    Доколку се стабилизира на тоа ниво, тоа ќе биде најниската цена на сурова нафта од 4 март, само неколку дена по почетокот на израелско-американските напади врз Иран.

    Како што наведува Си-ен-ен, „црното злато“ има уште долг пат пред себе додека да се врати на цената под 70 долари за барел, по која се продаваше пред почетокот на нападите на 28 февруари.

    Американскиот претседател, Доналд Трамп доцна синоќа на социјалните мрежи објави дека е финализиран мировниот договор, а потврда стигна и од официјален Техеран, од каде соопштија дека потпишувањето се очекува в петок во Швајцарија.

    Според поголемиот дел од аналитичарите, за да се нормализира состојбата со протокот на нафта низ Ормускиот Теснец ќе биде потребно извесно време, што ќе се рефлектира и на цените на нафтата кои уште подолг период ќе останат високи.

    Пазарите нафтените бунари на Блискиот Исток беа во голема мера затворени за време на војната, па експертите предупредуваат дека на бунарите можеби ќе им бидат потребни недели за да се вратат на претходното ниво.

    Енергетските експерти остануваат претпазливи околу брзината на стабилизацијата на теренот.

    „Одлично ќе биде ако тоа се случи, но ќе поверувам кога ќе видам вистински бродови како слободно и непречено минуваат низ теснецот“, вели Џо Мекмонигл, претседател на тинк-тенкот „Глобален центар за анализа на енергија, кој живее и работи во Саудиска Арабија, за Си-ен-ен.

    Прочитај повеќе

    Божиновска: Дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста се клучни за сигурен и отпорен енергетски систем

    20.08.2026 во 19:04

    Мицкоски: За трипати пократок период имаме 120 милиони евра поголем раст на БДП

    20.08.2026 во 11:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.