Close Menu
Press24
    Најново

    Метео предупредување, пекол низ цела Македонија – Ова се препораки за горештините

    04.08.2026 во 09:10

    Пожарникарите цела ноќ се бореа со огнот кај Кавадарци – Повеќе екипи на два правци го гаснат огнот

    04.08.2026 во 08:59

    Гореше низ цела Македонија – 29 пожари на отворено, два активни

    04.08.2026 во 08:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Метео предупредување, пекол низ цела Македонија – Ова се препораки за горештините
    • Пожарникарите цела ноќ се бореа со огнот кај Кавадарци – Повеќе екипи на два правци го гаснат огнот
    • Гореше низ цела Македонија – 29 пожари на отворено, два активни
    • Несреќа за празникот во Македонија: Тешко повредено деветгодишно дете
    • СДСМ бара одговорност од Мицкоски: Владата сè уште нема доказ дека водата во Гостивар е исправна
    • По продолжениот викенд, наскоро уште еден – Следуваат три дена одмор
    • Жештините почнаа уште во осум часот -УХМР ги измери температурите утрово низ Македонија
    • Димитриевски: ЗНАМ расте со граѓаните, а не преку нарачани анкети
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски снемува пари и за тендери штом му се брза со избори

    СДСМ: Мицкоски снемува пари и за тендери штом му се брза со избори

    15.06.2026 во 09:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мицкоски ги излажаа земјоделците, велат од СДСМ.

    „Во опозиција им ветуваше повеќе пари, поголема поддршка, сигурен откуп…ништо од тоа.

    После 2 години власт земјоделството е на колена: субвенциите се намалени за 40 милиони евра и постојано каснат, откупот на земјоделски производи е намален за 46 проценти, трошоците за производство се зголемени, буквално нема сегмент во земјоделието каде нема сериозен проблем.

    Најдобар доказ за тоа е состојбата во сточарството и кризата со откупот на млекото.

    Откупната цена на млекото е драстично намалена за над 30% и понижувачка за сточарите. Денес литар млеко се откупува за едвај дваесетина денари, цена која не ги покрива ниту основните производствени трошоци.

    Веќе две млекарници во делчевскиот регион најавија прекин на откупот, што значи дека многу сточари остануваат без пласман и без егзистенција и кризата ќе се продлабочи. Дополнително, доцнат субвенциите за добиток и премиите за млеко. 

    Во исто време, цените на млекото и млечните производи во маркетите растат. Значи дека некој профитира на грбот на македонските сточари.

    Земјоделците ја хранат Македонија, можат да го хранат и целиот регион ако Владата на Мицкоски се грижеше за нив.

    Земјоделците претрпеа силен удар и од растот на цените на горивата, бидејќи Владата не презеде никакви мерки за да ги заштити од зголемените трошоци за производство.

    Сега, откако го спаси Трипуновски Мицкоски треба да излезе и да им каже на земјоделцитте зошто нема мерки за млекото, оризот, доматот и пиперката? Зошто доцнат субвенциите?

    Затоа што, како што рековме нема пари во буџетот за земјоделците заради криминални тендери.

    Сега снемува пари и за тендери штом му се брза со избори“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    СДСМ бара одговорност од Мицкоски: Владата сè уште нема доказ дека водата во Гостивар е исправна

    04.08.2026 во 08:39

    Димитриевски: ЗНАМ расте со граѓаните, а не преку нарачани анкети

    04.08.2026 во 08:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.