Close Menu
Press24
    Најново

    Драма во Центар: Скопјанец упаднал во куќа, нападнал сограѓанин, па се обидел да скокне од прозорец

    28.07.2026 во 19:50

    Кривична пријава за уцена: Со таен снимeн разговор барал 5.000 евра од жител на Боговиње

    28.07.2026 во 19:46

    Млада велешанка фатена на дело при обид за кражба во куќа

    28.07.2026 во 19:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма во Центар: Скопјанец упаднал во куќа, нападнал сограѓанин, па се обидел да скокне од прозорец
    • Кривична пријава за уцена: Со таен снимeн разговор барал 5.000 евра од жител на Боговиње
    • Млада велешанка фатена на дело при обид за кражба во куќа
    • Снаата ја претепала свекрвата и и се заканувала – тетовчанка заработи кривична
    • Апсења во Скопје – приведени шест лица
    • Земјотрес ја погоди Грција
    • ДЗС: Пожарот кај Велес се шири кон патот за Штип, побарана поддршка од МВР за регулирање на сообраќајот
    • СДСМ: Кога Мицкоски најавува „мерки за поевтинување“ – сите знаат дека следува поскапување
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката – Божиновска ги презентираше енергетските потенцијали пред турските инвеститори

    Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката – Божиновска ги презентираше енергетските потенцијали пред турските инвеститори

    12.06.2026 во 15:361 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на Бизнис форумот Северна Македонија – Турција што се одржа во Истанбул.

    Настанот беше посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства меѓу компаниите и институциите од двете држави.

    Форумот ги обедини претставниците на владите, институциите и бизнис-заедниците со цел унапредување на економските односи и зголемување на трговската размена.

    На овој економски настан учествуваше висока македонска владина делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

    Во составот на делегацијата беа вклучени и ресорните министри од економската, енергетската и инфраструктурната област.

    Во рамки на форумот, министерката Божиновска говореше на панел-дискусијата посветена на билатералната соработка во трговијата, индустријата, производството и синџирите на снабдување.

    Таа ги претстави можностите што ги нуди Македонија во секторите енергетика, рударство и минерални суровини пред присутните бизнисмени.

    Божиновска ги образложи и реформските процеси кои се насочени кон создавање стабилна, предвидлива и конкурентна инвестициска клима во земјава.

    Покрај учеството на панелот, министерката оствари и билатерална средба со министерот за трговија на Република Турција, проф. д-р Омер Болат.

    На средбата беше потврдена заедничката заложба за зајакнување на македонско-турските односи и создавање нови можности за одржлив развој.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Кога Мицкоски најавува „мерки за поевтинување“ – сите знаат дека следува поскапување

    28.07.2026 во 18:31

    СДСМ: Мицкоски денеска објави нова магична економска реалност

    28.07.2026 во 17:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.