Close Menu
Press24
    Најново

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Мисајловски: Нека одекне гордоста
    • Стоилковиќ – Колумбиа: Продлабочување на соработката за поддршка на општините
    • Божиновска: Македонија се подготвува официјално да се приклучи кон Вертикалниот гасен коридор
    • Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење
    • ФОТОВЕСТ: Колони автомобили на бензиските – сите точат пред големото поскапување по полноќ
    • ЦУК: Активни седум пожари, два под контрола и 13 изгаснати
    • Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
    • Напишани 63 казни за пијани возачи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: По три децении пропадање, спортската сала „Расадник“ целосно обновена и вратена на Вардар

    Ѓорѓиевски: По три децении пропадање, спортската сала „Расадник“ целосно обновена и вратена на Вардар

    11.06.2026 во 12:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Спортската сала „Расадник“ во општина Кисела Вода од денеска е целосно обновена и подготвена повторно да ги прими спортистите и навивачите. Станува збор за проект кој, според надлежните, претставува враќање на еден од најголемите спортски симболи на Скопје и долгогодишен дом на ракометниот и кошаркарскиот клуб Вардар.

    За време на официјалното пуштање во употреба, беше посочено дека објектот со години бил запоставен и оставен во исклучително лоша состојба.

    „Кога бев градоначалник на Кисела Вода, ја затекнавме салата во состојба во која не смее да биде оставен ниту еден ваков спортски симбол. Руинирана. Демолирана. Небезбедна. Со долгови. Без живот. Без перспектива. Искрено, многумина тогаш не веруваа дека Расадник може повторно да се врати. Но ние верувавме“, стои во дел од објавата од градоначалникот на град Скопје.

    Процесот на реконструкција се одвивал етапно, а конечната реализација е направена со поддршка од централната власт и ресорното министерство.

    „Денес, со силна поддршка од премиерот Hristijan Mickoski, Владата на Македонија и министерот за спорт Борко Ристовски – човек кој одлично знае што значи Вардар, што значи спорт и што значи борба за дресот, оваа сала конечно повторно стои исправено. Од денес, Расадник повторно ќе биде дом на Вардар. Како што ветивме“, се нагласува во изјавата на Ѓорѓиевски.

    Денес објектот ги исполнува сите современи стандарди за спортски натпревари, со комплетно уредена внатрешна и надворешна инфраструктура. Салата располага со обновен терен, нови соблекувални, простории за стручните тимови, теретана, сопствен систем за греење и ладење, како и нов плоштад околу самиот објект.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: По две децении Серава добива нов лик, изградена пешачка патека од 1,5 километри

    17.08.2026 во 14:45

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.