Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Скокна цената на нафтата

    Скокна цената на нафтата

    11.06.2026 во 09:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Цените на нафтата на светскиот пазар денес пораснаа за повеќе од два проценти поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и прекините во транспортот на енергија преку Ормутскиот теснец.

    Според берзанските извештаи кои ги пренесува „Трејдинг економикс“, меѓународната референтна цена на нафтата Брент се тргуваше по околу 93 долари за барел, додека американската сурова нафта WTI се приближи до нивото од околу 91 долар за барел.

    Врз ваквиот брз раст на цените на нафтените деривати дополнително влијаеше и новата реторика која доаѓа од Белата куќа.

    Вашингтон повторно ќе одговори остро на Иран, оценувајќи дека Техеран ја пропуштил можноста да постигне договор преку преговори – изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

    Тензиите дополнително се зголемија по иранските напади врз неколку земји од Персискиот Залив, вклучувајќи ги Бахреин, Јордан и Кувајт, кои уследија по американските воени акции во самоодбрана поради соборување на американски хеликоптер.

    Пазарот на нафта останува под силен притисок бидејќи Иран продолжува да го ограничува преминувањето на голем дел од бродскиот сообраќај преку Ормутскиот теснец, додека САД воведоа дополнителни санкции за иранските пристаништа.

    Паралелно со геополитичката криза, порастот на цените беше поттикнат и од најновите официјални податоци од американската Администрација за енергетски информации (EIA).

    Според нивниот извештај, залихите на сурова нафта во САД се намалени за 7,228 милиони барели минатата недела, што претставува седми последователен неделен пад кој сериозно ги надмина очекувањата на аналитичарите.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Преку Македонија, Александрополи ќе се поврзе со Европа

    19.09.2026 во 11:38

    Мицкоски: Дата центрите се иднината, но постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

    19.09.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.