Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Најавени исклучувања во Скопје – Ќе нема струја до 16 часот

    Најавени исклучувања во Скопје – Ќе нема струја до 16 часот

    11.06.2026 во 07:541 Min Read
    Прес24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поради реализација на планирани технички интервенции во електросистемската мрежа на 11 јуни 2026 година без снабдување со електрична енергија ќе останат корисници од повеќе скопски општини и околни населени места.

    Во општина Чаир, во периодот од 07:30 до 15:00 часот, прекин ќе има во Старата скопска чаршија, поточно на делови од улиците „Покриена чаршија“ и „Ковачка“.

    На подрачјето на општина Сарај се планирани неколку прекини. Од 08:00 до 14:00 часот струја ќе нема во село Рашче, Хлорна станица Рашче, село Бојане, село Копаница и дел од село Кондово. Подоцна, од 09:00 до 12:30 часот, без напојување ќе останат и село Кондово, дел од село Волково, село Кучково, како и селата Радуша, Рашче, Бојане, Копаница, Горно Свиларе и Долно Свиларе.

    Во општина Кисела Вода (населба Драчево), од 08:30 до 15:30 часот, без струја ќе биде дел од улица „Стари Новаќина“.

    Најголем дел од прекините се однесуваат на селата во регионот на Зелениково и околината, каде од 08:00 до 16:00 часот струја ќе нема во следните места: Кадина Река, Добрино, Гумалево, Смесница, Страхојадица, Тисовица, Дејковец, Ново Село, Градовци, Вражале, Пакошево, како и во самото село Зелениково.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22

    Утре без струја ќе останат делови од две скопски општини

    29.10.2026 во 16:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.