Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во Штип ќе се јаде пастрмајлија за 250 денари
    • Три училишта во Битола добиваат спортски сали
    • Тачи: Ова е неправда ама останете мирни
    • Вадете ги јакните: Идната недела доаѓа вистинската есен
    • ТАВ се повлече: Не важи одлуката за само 1 кратко паркирање на Аеродромот дневно
    • Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата
    • Забрзано се гради пругата до Крива Паланка
    • Битолчанец ја тепал жена му и татко и
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Цветков: Трипуновски направи хаос во земјоделството- ниту една реформа, само купови криминални скандали

    Цветков: Трипуновски направи хаос во земјоделството- ниту една реформа, само купови криминални скандали

    10.06.2026 во 19:163 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Интерпелацијата за министерот Трипуновски не е политички напад, туку одговор на реалните проблеми со кои се соочува земјоделството, кое никогаш не било во полоша состојба, нагласи пратеникот од СДСМ, Борче Цветков, на денешната собраниска седница на која на дневен ред беше интерпелацијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, поднесена од пратеничката група на СДСМ и коалицијата.


    Цветков посочи дека земјоделството е во хаос, земјоделците се понижени и оставени сами да се борат за својата егзистенција, додека субвенциите се скратени и неисплатени.


    „Додека се фалите со непостоечки успеси, додека кратењето на субвенциите се обидувате да го претставите како некоја реформа, реалноста на терен е нешто друго. Не постои земјоделец во Македонија кој денес не го поставува истото прашање. Каде се субвенциите? Тутунарите слушаат ветувања дека исплатата ќе биде до крајот на април. Потоа слушнаа дека ќе биде до крајот на мај. Јуни сме, а парите сè уште ги нема, но проблемот не е само со тутунот. Доцнат субвенциите за сточарството, доцнат субвенциите за производството на предадено млеко, доцнат субвенциите за поледелските култури, доцнат субвенциите за градинарството, за пчеларството и за органското производство“, рече Цветков.


    Тој нагласи дека наместо да се зголеми поддршката за земјоделците, во изминатите две години Трипуновски донесе одлуки со кои дополнително ја влоши состојбата во секторот, а особено малите производители.


    „Ги намаливте субвенциите, ги поништивте повиците за механизација, ги укинавте мерките за микропроизводители. Истовремено го зголемивте лимитот за субвенции до 1 милион евра по корисник. Со други зборови, малите ги оттурнавте, а поголемите ги направивте привилегирани. Тоа не е политика на развој на земјоделството, тоа е политика на концентрација на државната поддршка кај мал број корисници“, рече Цветков.


    Во обраќањето Цветков посочи дека наместо развојни политики и реформи, Трипуновски ќе остане запаметен по серија скандали кои дополнително ја нарушуваат довербата во институциите задолжени за земјоделството.


    „За две години не видовме ниту една развојна реформа, но затоа видовме купови криминални скандали врз грбот на земјоделците. Во историјата на македонското земјоделство тешко може да се најде период во кој двајца директори од најважните институции во ресорот се фатени во случај со барање мито, двајца ваши најблиски соработници. Ова веќе не е прашање на поединечни случаи. Ова е прашање на политичка одговорност.Кога директорот задолжен да ги контролира земјоделците е осомничен за мито и директорот задолжен да доделува европски средства е осомничен за мито, тогаш никој повеќе не верува дека станува збор за случајност“, рече Цветков.


    Притоа, Цветков порача дека фактите и состојбите во земјоделството јасно покажуваат Трипуновски мора да понесе одговорност.


    „Министре, вие покажавте дека немате волја да го развивате земјоделството и да им помагате на земјоделците. Долга е листата на факти и докази за вашето неодговорно работење и тоа мора да престане. Доста е од лаги и грабеж од земјоделците“, рече Цветков.

    Прочитај повеќе

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07

    Филипче: САД ја намалија помошта за Македонија бидејќи знаат со кого си имаат работа

    18.09.2026 во 13:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.