Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Откриено деветто тело во серијата сомнителни смртни случаи близу Јоханесбург – Страв и неизвесност во Јужна Африка
    • Добри вести за македонските камионџии: Хрватска од следната недела ќе им издава посебни визи
    • Претседателката Сиљановска-Давкова се сретна со граѓани во Народната канцеларија во Скопје
    • Нова воена помош за Киев: Вашингтон подготвен да одобрат префрлање на десет ракети „Патриот“ од Германија во Украина
    • Полскиот премиер тврди дека Русија планира хибридни напади со дронови и ракети
    • Втора младост: Кои хороскопски знаци носат совршена хармонија по педесеттата година
    • ВЛЕН:  Брвеница е подготвена за победа
    • За овие три хороскопски знаци од денес започнува среќен период
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Општина Кисела Вода организира бесплатен летен камп за ученици – аплицирањето е до 13 јуни

    Општина Кисела Вода организира бесплатен летен камп за ученици – аплицирањето е до 13 јуни

    10.06.2026 во 13:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Кисела Вода објави јавен оглас за избор на ученици кои ќе посетуваат бесплатен летен спортско-едукативен камп. Право на учество имаат сите редовни ученици од општинските основни училишта на оваа територија, а огласот е наменет за талентирани спортисти, како и за ученици од социјално ранливи семејства.

    Што се однесува до спортските таленти, право да аплицираат имаат учениците кои освоиле награди во олимписки или неолимписки спортови на општински, државни, регионални и меѓународни натпреварувања, во поединечна или екипна конкуренција.

    Истовремено, огласот ги опфаќа и учениците од семејства во социјален ризик, примателите на социјална помош, децата на самохрани родители, децата од најмалку четиричлено семејство со само еден вработен на минимална плата, како и учениците од семејства чиј вкупен месечен приход не надминува 35.000 денари.

    Паралелно со ова, во тек се и огласите за доделување на награди од страна на Општина Кисела Вода за талентирани основци кои постигнале врвни резултати во областа на науката и спортот.

    Потребните документи за аплицирање можат да се преземат од официјалната веб-страница на Општина Кисела Вода. Кон нив задолжително се приложува и соодветната документација за докажување на спортските или научните успеси, односно социјалниот и финансискиот статус. Критериумите и условите за аплицирање за овие повици се достапни на следните линкови:

    https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2026/06/Letenkamp.pdf

    https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2026/06/Oglastalent.pdf

    https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2026/06/Oglassport.pdf

    Рокот за пријавување за сите споменати огласи е до 13 јуни. Документите се доставуваат лично во архивата на Општина Кисела Вода или по пошта, на адреса ул. „Петар Дељан“ бр. 17, со назнака за кој оглас се однесуваат.

    За сите дополнителни информации, лице за контакт за огласите е Сашка Аџулеска на телефонскиот број 076 495 042.

    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја неколку часа – Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    17.09.2026 во 21:03

    Од понеделник во училиштата во Гази Баба ќе се интонира химната

    17.09.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.