Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се огласија од ОЈО за ГОКК за денешната акција: Во тек се претреси и други истражни дејствија на повеќе локации во Македонија
    • Божиновска: Ако цените на горивата продолжат да растат ќе преземаме нови мерки
    • Страшна несреќа кај Струмица: „Ренџ ровер“ усмрти пешак
    • Инцидент на „Октобер Фест“ во Ѓорче Петров: Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец, па почнал да го удира по раце
    • Кривична пријава за скопјанец: Кај „Мост Радика“ запленети над 16 килограми нелегален тутун
    • Кривична пријава за стружанец: Како советник во Управата за имотно-правни работи фалсификувал решенија за приватизација
    • Петрушевски: Филипче сака плати од 600 евра, а е против дата центри, рудници и нови работни места
    • МВР за големата акција во три градови во Македонија: На удар криминална група за криумчарење и корупција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пристигнуваат милиони од Брисел: Сали ги презентираше реформите – ЕУ ни одобри највисок износ на пари на Балканот

    Пристигнуваат милиони од Брисел: Сали ги презентираше реформите – ЕУ ни одобри највисок износ на пари на Балканот

    10.06.2026 во 11:131 Min Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска ја отвори втората седница на Мониторинг комитетот за Инструментот за реформи и раст (RGF). На состанокот учествуваа високи претставници на Европската комисија, Делегацијата на ЕУ, државните институции, како и граѓанскиот сектор.

    Во своето обраќање, министерот Сали порача дека европската интеграција не е само политички приоритет, туку стратешка инвестиција во долгорочната стабилност и безбедност на државата.

    Сали упати посебна благодарност до амбасадорот Михалис Рокас и Европската комисија, нагласувајќи дека Македонија бележи врвни резултати во имплементацијата на европските фондови.

    „Северна Македонија е меѓу најуспешните земји во регионот во имплементацијата на Реформската агенда. Досега се обезбедени повеќе од 142 милиони евра преку Инструментот за реформи и раст, додека во последниот циклус на оценување беа одобрени дополнителни 65,7 милиони евра – што претставува највисок износ исплатен во целиот регион.“

    Од Министерството за европски прашања информираат дека на состанокот бил детално презентиран напредокот во клучните општествени сфери, по што учесниците ја потврдија заедничката посветеност за ефикасно користење на овие механизми за развој на домашната економија.

    Прочитај повеќе

    Божиновска: Ако цените на горивата продолжат да растат ќе преземаме нови мерки

    21.09.2026 во 12:51

    Добри вести утрово: Цената на нафтата падна

    21.09.2026 во 10:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.