Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски во Софија – Дискусии за европската перспектива на Југоисточна Европа

    10.06.2026 во 08:13

    Ќе нема струја до 15:30 часот – Најавени исклучувања низ Скопје

    10.06.2026 во 08:10

    Интерпелација за Цветан Трипуновски во Собрание

    10.06.2026 во 08:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски во Софија – Дискусии за европската перспектива на Југоисточна Европа
    • Ќе нема струја до 15:30 часот – Најавени исклучувања низ Скопје
    • Интерпелација за Цветан Трипуновски во Собрание
    • Стартува „Училишта на 21 век – Фаза II“
    • Николоски ќе изврши увид во изградбата на пругата кон Бугарија
    • Насилството врз жените и семејното насилство на дневен ред во Собранието
    • Крај на учебната година: Учениците на распуст, полуматурантите пред уписи
    • Многу топло, па силно невреме – Од петок уште полош пресврт со времето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски во Софија – Дискусии за европската перспектива на Југоисточна Европа

    Муцунски во Софија – Дискусии за европската перспектива на Југоисточна Европа

    10.06.2026 во 08:131 Min Read
    ФОТО: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува во Софија во рамки на бугарското претседавање со иницијативата.

    Состанокот е посветен на одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на ПСЈИЕ и се одржува под мотото: „Заеднички компас за стабилен, безбеден и одржлив регион – 30 години регионална сопственост и европска аспирација“.

    Според МНРиНТ, дискусиите ќе се фокусираат на европската перспектива на Југоисточна Европа, унапредување на регионалната соработка, зајакнување на безбедноста и отпорноста на регионот, како и продлабочување на економската интеграција, конкурентноста и поврзаноста во услови на актуелните геополитички предизвици.

    ПСЈИЕ претставува највисок политички форум за регионална соработка во Југоисточна Европа и важна платформа за промовирање на добрососедските односи, политичкиот дијалог и европската интеграција на регионот.

    На состанокот се очекува усвојување на заедничка декларација со која ќе се потврди посветеноста на учесниците кон мирот, стабилноста, одржливиот развој, регионалната соработка и европската иднина на Југоисточна Европа.

    Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Ќе нема струја до 15:30 часот – Најавени исклучувања низ Скопје

    10.06.2026 во 08:10

    Интерпелација за Цветан Трипуновски во Собрание

    10.06.2026 во 08:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.