Основниот кривичен суд Скопје донесе ослободителна пресуда за З.Ј., сопственик на возилото со кое беше предизвикана кобната сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“. За оваа несреќа веќе е осуден неговиот син, пренесе 4news.mk.
Според образложението на Судот, сопственоста на возилото не е основа за кривична одговорност во ваков случај.
-„Имено, согласно образложението на пресудата, судот оцени дека кривична одговорност не може да се заснова врз самата околност што обвинетиот е сопственик на возилото и што неговиот полнолетен син управувал со тоа возило без возачка дозвола.“
По пресудата, реагираше и таткото на Фросина Кулакова.
-Младата и надежна Судијка на мафијата Снежана Марковска го суди и убиецот Васо и Таткото, за овакви местења на судски предмети претседателот на Судот Скопје 1 заврши во затвор, но банана држава силно и со многу криминални милиони евра е искреирана баш за “да се најде ” за вакви случаи…
За убиства да нема одговорности !!!!!!!!!
Затоа се што е нормално си отиде, напросто бегаат младите од земјава и треба да си одат…, напиша Кулаков.
Фросина Кулакова, студентка на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ од Неготино, загина на Партизанска кај Силбо.
Вп 22-годишна девојка удри автомобил „пежо 207“ со скопски таблички управуван од В.Ј.(20) од Скопје.

