Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Одлука на Врховниот суд: Укината пресудата за Ласкарци, предметот се враќа на повторно одлучување во Апелација
    • Трагедија на Филипините: Најмалку шест ученици убиени, а 17 повредени во пукотница во средно училиште
    • (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран
    • Вучиќ се сретна со Зеленски
    • Запреле „Мерцедес“ на автопат, а внатре пронашле 20 килограми дрога – Филмско апсење во Ниш
    • Апсење на скопскиот аеродром – скопјснец со муниција во рачниот багаж се обидел да излезе од државата
    • Нелегален ископ на песок во струмичко: Затекнати работници и возила без соодветна документација во река во Доброшинци
    • Полициска акција во Охрид: Дрога, лишувања од слобода и затекнат малолетник во дом во кој се вршела препродажба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Со што е уценет Филипче да не отстапува од бугарската агенда?

    ВМРО-ДПМНЕ: Со што е уценет Филипче да не отстапува од бугарската агенда?

    09.06.2026 во 09:272 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дали уцена го мотивира Филипче да не отстапува од бугарската агенда?, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

    Најголемите национални предавства и порази се случија токму додека СДС беше власт, промена на името, промена на знамето, уставни измени, и сите овие оставија последици врз националното достоинство.

    Од СДС повторно, дури и во опозиција, испраќаат пораки дека се подготвени на нови отстапки. Јавноста се изнаслуша изјави дека СДС се подготвени да ја редефинираат македонската историја, а Филипче гордо вели дека тој ќе ги спроведел уставните измени и со месеци прави напори да се доближи до Бугарија, а во процесот го релативизира македонскиот идентитет.

    За СДС и Филипче, уставните измени не се прашање на државен интерес. За нив тоа е само чекор кој треба да го направат за да дојдат на власт, па затоа постојано се додворуваат на Румен Радев и Бугарија.

    Јасно беше дека воопшто не им е битна Македонија, македонските граѓани, ниту пак македонските интереси, откако Филипче ги усогласи своите ставови со бугарското МНР, иако позициите на Софија за евроинтегративниот пат на  Македонија остануваат и понатаму непроменети и цврсти.

    На Филипче не му е проблем да прифати наративи кои го доведуваат македонскиот идентитет, историја и јазик во прашање. Не му е проблем да потпише дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, и да ја редефинира историјата.

    Наместо тоа, од СДС се занимаваат со промовирање на нови програми, која Филипче помпезно ја најавуваше и која ја рефлектира нивната хипокризија, дека ќе се борат против се она што токму тие самите го правеа додека беа на власт.

     Под маската на европска перспектива, Филипче и СДС се обидуваат да соберат поени и да остават подобар впечаток во Софија. СДС се бори за обезличена Македонија.

    На СДС им пречи тоа што оваа Влада води политика заснована на заштита на националните интереси и достоинството на државата. Им пречи тоа што Македонија има јасни позиции, а не политика на постојани отстапки и попуштања.

    ЕУ гледа на Макдонија како држава која е сериозна, која работи на модернизација и која има сериозна намера да напредува, и се позиционира како одговорна држава и позитивен пример во регионот.

    Но останува едно прашање, на кое што СДС и Филипче не даваат одговор. Зошто толку упорно инсистираат на уставни измени без гаранции, и се залагаат за исполнување на туѓи агенди.

    Која е причината поради која Венко Филипче не отстапува од оваа агенда и со што е уценет?

    Top News
    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.