Close Menu
Press24
    Најново

    Муцунски во Сараево на средба со Конаковиќ: Се иницира враќање на авиолинијата Скопје – Сараево

    08.06.2026 во 12:44

    Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари

    08.06.2026 во 12:39

    РКЕ со нова одлука: Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

    08.06.2026 во 12:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски во Сараево на средба со Конаковиќ: Се иницира враќање на авиолинијата Скопје – Сараево
    • Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“: Предизвикал штета од над 2 милиони денари
    • РКЕ со нова одлука: Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
    • СДСМ ја промовираше платформата „Твоја држава, твоја шанса“: Кузеска најави фронт за вистина и правда
    • Гаши поднесе отчет за двегодишната работа: Одржани 196 седници, ефикасноста е зголемена
    • Трошоците на животот во мај зголемени за 4,8 отсто, поскапеле храната и транспортот
    • УХМР со најнова прогноза: Од петок пад на температурите
    • Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски во Сараево на средба со Конаковиќ: Се иницира враќање на авиолинијата Скопје – Сараево

    Муцунски во Сараево на средба со Конаковиќ: Се иницира враќање на авиолинијата Скопје – Сараево

    08.06.2026 во 12:441 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на својата работна посета на Сараево, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ.

    За време на разговорите, двајцата министри ги потврдија одличните билатерални односи меѓу двете држави, кои се карактеризираат со континуирана соработка и конструктивен политички дијалог.

    Фокусот на средбата бил ставен на евроинтегративните процеси и регионалната стабилност, што министерот Муцунски го потврди во својата изјава.

    „Разговаравме за состојбите во регионот, европската интеграција и политиката на проширување на Европската Унија. Се согласивме дека проширувањето претставува стратешки интерес и за Западен Балкан и за самата Унија, особено во услови на засилени геополитички предизвици“, сподели министерот преку социјалните мрежи.

    Дополнително, шефовите на дипломатиите размениле мислења и конкретни идеи за натамошно унапредување на економската соработка. Во тој контекст, како клучни приоритети беа посочени почестото организирање на бизнис-форуми, подобрата транспортна поврзаност, како и иницијативата за повторно воспоставување на директната авиолинија на релација Скопје – Сараево.

    Прочитај повеќе

    СДСМ ја промовираше платформата „Твоја држава, твоја шанса“: Кузеска најави фронт за вистина и правда

    08.06.2026 во 12:29

    Гаши поднесе отчет за двегодишната работа: Одржани 196 седници, ефикасноста е зголемена

    08.06.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.