Close Menu
Press24
    Најново

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина легендарниот Мишо Ковач
    • Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
    • Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
    • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
    • Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
    • Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Заострување на односите меѓу Киев и Варшава: Зеленски веќе не патува преку Полска, ја смени рутата преку Молдавија

    Заострување на односите меѓу Киев и Варшава: Зеленски веќе не патува преку Полска, ја смени рутата преку Молдавија

    08.06.2026 во 11:241 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски започнал да го користи молдавскиот воздушен простор за своите летови кон Европа, пренесуваат украинските медиуми.

    Досега, Зеленски за своите меѓународни патувања најчесто го користеше полскиот аеродром „Жешов-Јасионка“, кој има клучна логистичка улога за Киев од почетокот на војната. Меѓутоа, неговото последно патување за Лондон било реализирано преку главниот град на Молдавија, Кишињев.

    Официјално објаснување за оваа ненадејна промена на рутата се уште не е соопштено од кабинетот на украинскиот претседател.

    Медиумите во Украина наведуваат дека ваквиот потег е директна последица на сериозното заострување на односите меѓу Украина и Полска. Несогласувањата се интензивираа откако Зеленски на една украинска воена единица и додели почесна титула поврзана со УПА, што предизвика остри негодувања во Полска поради историските страдања на полското население во Втората светска војна.

    Полските власти го оценија овој чекор како голема грешка и побараа јавно извинување, при што во Варшава веќе се размислува и за преиспитување на највисокото полско одликување кое претходно му беше доделено на Зеленски.

    Од Киев апелираат на продолжување на дијалогот и фокус кон заедничките безбедносни предизвици, но промената на патиштата за патување покажува дека кризата меѓу двата сојузници се продлабочува.

    Прочитај повеќе

    Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго

    31.10.2026 во 15:39

    Масакр во Пенсилванија: Убил деветмина, па се самоубил

    11.10.2026 во 12:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.