Close Menu
Press24
    Најново

    Напад со нож на железничка станица во Њујорк: Шест лица се повредени

    08.06.2026 во 10:56

    Нов земјотрес во Грција: Затворени училиштата

    08.06.2026 во 10:45

    Расте бројот на жртви на Филипините: Најмалку 15 загинати и 129 повредени во разорниот земјотрес

    08.06.2026 во 10:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Напад со нож на железничка станица во Њујорк: Шест лица се повредени
    • Нов земјотрес во Грција: Затворени училиштата
    • Расте бројот на жртви на Филипините: Најмалку 15 загинати и 129 повредени во разорниот земјотрес
    • Андреја Стојковски: Најголемата гаранција што Македонија може да ја има останува сопствениот успех
    • Драмскиот театар со „Кармен“ на фестивалот БАБЕЛ во Романија
    • (ФОТО) Српскиот пејач итно опериран: „Сменив 4 болници, од обичен вирус преживеав хорор”
    • Ненадејно почина Арсим Зеколи – истакнатиот политички аналитичар и поранешен амбасадор Арсим Зеколи
    • Драма за малолетник од Скопје – Го снимале со мобилен и го тепале
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Напад со нож на железничка станица во Њујорк: Шест лица се повредени

    Напад со нож на железничка станица во Њујорк: Шест лица се повредени

    08.06.2026 во 10:561 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Шест лица се повредени во напад со ладно оружје на железничката станица „Пен“ во Њујорк, соопштија денеска локалните власти.

    Градската противпожарна служба потврди дека вчера вечерта околу 19 часот добила дојава, дека непознато лице нападнало повеќе лица на главната меѓуградска железничка станица во центарот на градот.

    „Едно лице се здобило со тешки повреди, додека останатите се со лесни до умерени повреди. Петмина повредени се пренесени во болницата ‘Белвју’, а шестиот со полесна повреда во болницата ‘Корнел’“, соопшти противпожарната служба.

    Портпарол на железничката компанија „Амтрак“ изјави дека сите повредени се во стабилна состојба, додавајќи дека на местото на настанот е пронајден нож и дека обезбедувањето го привело напаѓачот, за кој се верува дека има психички проблеми. Тој додаде дека нема индикации дека нападот е поврзан со тероризам.

    Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, изјави дека е информиран за нападот и го пофали обезбедувањето на „Амтрак“ за брзата интервенција.

    „Моето срце е со сите повредени, нивните семејства и сите што се погодени од ова неприфатливо насилство. Им посакувам брзо закрепнување на сите жртви“, напиша Мамдани на социјалната мрежа „Икс“.

    Прочитај повеќе

    Нов земјотрес во Грција: Затворени училиштата

    08.06.2026 во 10:45

    Расте бројот на жртви на Филипините: Најмалку 15 загинати и 129 повредени во разорниот земјотрес

    08.06.2026 во 10:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.