Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Саудиска Арабија го затвори нафтоводот Исток-Запад по напади
    • Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, по утринскиот ракетен напад врз Одеса
    • „Средувале“ категории во возачки дозволи, МВР со кривична пријава против 27 лица
    • Дневен хороскоп за 12-ти септември 2026: Дознајте што ве очекува во текот на денешниот ден
    • ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 
    • МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед – потврда за стабилноста и конзистентноста во економските политики
    • Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен телефон
    • До 07:30 часот 31 пожар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Конгрес на СДСМ: Поддршка од европски социјалдемократи за продолжување на ЕУ патот

    Конгрес на СДСМ: Поддршка од европски социјалдемократи за продолжување на ЕУ патот

    08.06.2026 во 08:362 Mins Read
    Фото: СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претставници на сестрински социјалдемократски партии од регионот и Европа вчера на 32. програмски конгрес на СДСМ во Скопје изразија поддршка за партијата, упатувајќи пораки за продолжување на европскиот пат на државата, зајакнување на демократијата, владеење на правото и борба против корупцијата.

    Од името на Социјалдемократската партија на Хрватска (СДП), Марко Кричка истакна дека социјалдемократските партии се дел од заедничко европско семејство и дека искуствата од регионот можат да помогнат во процесот на европска интеграција.

    Тој нагласи дека станува збор за сложен процес и дека е важно да се избегнат грешките од минатото, посочувајќи дека СДП и СДСМ ги поврзува не само регионална, туку и европска социјалдемократска приказна.

    Претседателот на Демократската странка на Србија, Срѓан Миливојевиќ, порача дека иднината на регионот зависи од борбата против корупцијата и враќањето на политиката во служба на граѓаните.

    Од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Црна Гора, Јасмин Бојаџиќ нагласи дека Северна Македонија и Црна Гора ги поврзуваат заеднички евроатлантски цели, оценувајќи дека членството во НАТО претставува клучен безбедносен фактор за регионот.

    Иван Вујовиќ од Социјалдемократската партија на Црна Гора порача дека земјите од Западен Балкан припаѓаат во европското семејство, додавајќи дека Северна Македонија има потенцијал да стане стабилна и развиена европска држава.

    Бојан Костреш од Лигата на социјалдемократите на Војводина оцени дека политичката борба продолжува со јасна европска ориентација, додека претставникот на Социјалдемократите од Шведска, Маркус Олави Каупинен, истакна дека политиките треба да бидат насочени кон решавање на секојдневните проблеми на граѓаните и зајакнување на социјалната сигурност.

    Заедничка порака на учесниците на конгресот беше дека Северна Македонија припаѓа во Европската Унија, а европската иднина на државата зависи од јакнењето на институциите, владеењето на правото и ефикасната борба против корупцијата.

    уставни измени
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: За една година ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите, Карбинци се развива со конкретни инвестиции 

    12.09.2026 во 10:44

    Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

    11.09.2026 во 20:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.