Close Menu
Press24
    Најново

    Инвестиција од 8,5 милиони евра и 80 работни места – Мицкоски на отворање фабрика во Виница

    08.06.2026 во 07:58

    Претседателот на Собранието со отчет за изминатите две години

    08.06.2026 во 07:56

    Обид за убиство во Скопје: Ги чекале во заседа па пукале

    08.06.2026 во 07:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Инвестиција од 8,5 милиони евра и 80 работни места – Мицкоски на отворање фабрика во Виница
    • Претседателот на Собранието со отчет за изминатите две години
    • Обид за убиство во Скопје: Ги чекале во заседа па пукале
    • Законот за оружје и возила пред пратениците
    • Продлабочување на соработката меѓу Македонија и БиХ – Муцунски во Сараево
    • УХМР со лоши вести за времето – Од петок следи промена
    • Уапсен скопјанец: Ја следел поранешната девојка, сакал да бидат заедно
    • Кина: Почнавме специјална поморска операција во близина на Тајван
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Инвестиција од 8,5 милиони евра и 80 работни места – Мицкоски на отворање фабрика во Виница

    Инвестиција од 8,5 милиони евра и 80 работни места – Мицкоски на отворање фабрика во Виница

    08.06.2026 во 07:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе престојува во работна посета на компанијата „Макпрогрес“ во Виница, каде што ќе присуствува на отворањето на новата фабрика за кондиторски производи во рамки на брендот „Винчини“.

    Според информациите од владината прес-служба, премиерот ќе оствари средба со менаџментот на компанијата, на која ќе се разговара за економските текови, извозните резултати, инвестициските активности и идните развојни планови на компанијата.

    Во рамки на посетата е предвидена и свечена церемонија за пуштање во употреба на новата фабрика, при што Мицкоски ќе присуствува на сечењето на лентата и ќе ги разгледа новите производствени капацитети.

    По завршувањето на настанот, премиерот ќе даде изјава за медиумите во кругот на фабриката.

    На отворањето ќе присуствуваат и претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, градоначалникот на Виница, Митко Костадиновски, како и генералниот директор на „Винчини“ и потпретседател на Стопанската комора, Глигор Цветанов.

    Од Стопанската комора информираат дека новата фабрика за производство на вафли е инвестиција вредна 8,5 милиони евра, реализирана за само шест месеци со значајно учество на домашни компании, инженери и изведувачи. Производствениот комплекс располага со две современи линии за производство на вафли и други кондиторски производи наменети за домашниот пазар и за извоз во повеќе од 60 земји.

    Со стартот на производството се отвораат 40 нови работни места, а во текот на следната година се планираат уште 40 вработувања. Од компанијата очекуваат новата инвестиција да придонесе за зголемување на производствените капацитети за околу 30 проценти, како и за натамошно зајакнување на извозот и присуството на меѓународните пазари.

    Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Обид за убиство во Скопје: Ги чекале во заседа па пукале

    08.06.2026 во 07:54

    Продлабочување на соработката меѓу Македонија и БиХ – Муцунски во Сараево

    08.06.2026 во 07:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.