Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: СДС навива за уставни измени додека државата бележи дипломатски победи

    Манасиевски: СДС навива за уставни измени додека државата бележи дипломатски победи

    06.06.2026 во 12:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати серија обвинувања до опозициската СДСМ, посочувајќи дека кај претседателот на партијата Венко Филипче е евидентна нервоза поради последните меѓународни успеси на државата.

    Според партискиот портпарол, актуелната Влада покажува дека може да се води европска политика без тргување со идентитетот, без понижување и без прифаќање диктати на штета на македонските национални интереси.

    Во изјавата беа нотирани неколку клучни дипломатски моменти од изминатата недела, меѓу кои пораката од Антонио Кошта за напредокот во Реформската агенда и првиот избор на земјава за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК).

    Манасиевски се повика и на позитивниот нацрт-извештај на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за 2025 година, како и на официјалното завршување на пост-мониторингот со Советот на Европа.

    Од владејачката партија повлекоа паралела меѓу двата политички блока, нагласувајќи дека актуелната власт посветено работи на позиционирање на Македонија како почитувана европска држава која гради силни партнерства.

    „Кај Венко Филипче и СДС е евидентна нервозата, затоа што Македонија конечно има позитивни резултати на меѓународен план. Нервозни се затоа што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека може да се води европска политика без понижување, без тргување со идентитетот и без прифаќање диктати на штета на македонските национални интереси.“

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.