Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ: ЕУ има расположение за проширување, но уставните измени се задолжителни

    05.06.2026 во 16:57

    (ФОТО) Мицкоски  задоволен од средбите со Макрон и Мерц во Тиват:  Процесот на проширување е жив

    05.06.2026 во 16:33

    Рокас за француско-германскиот нон-пејпер: Тоа е обид да се забрза процесот на зачленување за Западен Балкан

    05.06.2026 во 16:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: ЕУ има расположение за проширување, но уставните измени се задолжителни
    • (ФОТО) Мицкоски  задоволен од средбите со Макрон и Мерц во Тиват:  Процесот на проширување е жив
    • Рокас за француско-германскиот нон-пејпер: Тоа е обид да се забрза процесот на зачленување за Западен Балкан
    • Алармантно: Малолетници во Скопје и Ресен дивееле зад воланот
    • Тошковски со Рокас и Григоријан на „Маркова Нога“: Се интензивираат активностите за новиот граничен премин со Грција
    • ВЛЕН: ДУИ две децении не донесоа Закон за правична застапеност, вчерашната драма е покривање на сопствениот срам
    • Гаши на средба со Ќура во Струга: Се отвораат пратенички канцеларии за директен контакт со граѓаните
    • Новитет во образованието: Воведен вештачки интелегентен четбот за помош при користење на Е-дневникот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: ЕУ има расположение за проширување, но уставните измени се задолжителни

    СДСМ: ЕУ има расположение за проширување, но уставните измени се задолжителни

    05.06.2026 во 16:573 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Иницијативата на германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон за нова динамика на интеграција на Западен Балкан, претставува уште една потврда на она што го говори СДСМ, дека има расположение во ЕУ за прошрување но Македонија мора да ги спроведе реформите и да ги внесе малцинствата во Уставот, се вели во соопштението од СДСМ. 

    „Нашата заедничка цел е да ја комплетираме Унијата како вистинска Европска Унија. За да ја оствариме оваа аспирација и да внесеме нова динамика, мора да обезбедиме дополнителни стимулации како дел од постепен процес на интеграција базиран на заслуги и да го поедноставиме тековниот процес за да го направиме поефикасен и да овозможиме побрза и подлабока интеграција во ЕУ врз основа на Копенхашките критериуми“, стои во заедничкиот документ (position paper). 

    Копенхашките критериуми, донесени во 1993 година, се основните „правила на игра“ за влез во Европската Унија. Тие се поделени во три групи:

    Политички критериуми – стабилни демократски институции, владеење на правото, почитување на човековите права и заштита на правата на малцинствата.

    Економски критериуми – функционална пазарна економија и способност да се издржи конкурентскиот притисок во ЕУ.

    Правни критериуми (acquis) – способност целосно да се усвојат и применат сите европски закони (целото европско право).

    Особено е важен политичкиот критериум, кој бара владеење на правото и усогласеност на законодавството со европските стандарди.

    Ова значи дека Македонија мора да го прифати и да го спроведува целото европско право, а не само дел од него.
    Без оглед на тоа дали ќе има забрзан или постепен процес на интеграција, овие критериуми остануваат задолжителни.

    Ниту една скратена постапка не може да ги заобиколи.

    Уставните измени и внесувањето на малцинствата во Уставот се дел од тие основни правила. Мицкоски и неговата криминална група и понатаму се обидуваат да ја лажат јавноста дека постојат „дополнителни гаранции“.

    Тоа е чиста лага. ЕУ јасно порача дека постојат само уставни измени – сè друго е измислица.

    Ова го порача Антонио Кошта при својата посета на Скопје, а вчера истото го порачаа и Томас Вајц и Европскиот парламент во својот извештај.

    Денеска тоа го кажа и Евроамбасадорот Рокас кој потенцираше дека уставните измени и обврските мора да да бидат исполнети.

    Денеска, дури и бугарскиот премиер Румен Радев на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват потврди дека единственото што треба да го направи Северна Македонија е да ги впише Бугарите во Уставот за да почнат преговорите со ЕУ.

    Можноста постои и не смее да се пропушти.

    Ако го пропуштиме овој момент, ќе го пропуштиме возот. Кој знае кога потоа ќе можеме да очекуваме продолжување на интеграциите.

    Можеме да чекаме со децении, како што кажа Мицкоски – што очигледно е негова желба.

    Доста беше пропаганда, време е граѓаните да ја знаат вистината.

    Граѓаните сами треба одлучат дали сакаат изолација или интеграција. Дали ќе бидеме дел од Европа или, како што вели ВМРО, ќе јадеме корења, но нема да ги внесеме малцинствата во Уставот.

    Нека граѓаните одлучат што сакаат. Корења за себе и за своите деца или подобар живот во европска Македонија со заштитени јазик, култура и македонски идентитет.

    Распишете референдум! Реформи сега. Европа сега“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Мицкоски  задоволен од средбите со Макрон и Мерц во Тиват:  Процесот на проширување е жив

    05.06.2026 во 16:33

    ВЛЕН: ДУИ две децении не донесоа Закон за правична застапеност, вчерашната драма е покривање на сопствениот срам

    05.06.2026 во 15:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.