Close Menu
Press24
    Најново

    Рокас со порака од Скопје: Нема сомнеж дека припаѓате во ЕУ, но обврските од 2022 година мора да се исполнат

    05.06.2026 во 12:00

    Судење за „Пулс“: Изведени обдукциските наоди за жртвите од пожарот во кочанската дискотека

    05.06.2026 во 11:54

    Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата до сега

    05.06.2026 во 11:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Рокас со порака од Скопје: Нема сомнеж дека припаѓате во ЕУ, но обврските од 2022 година мора да се исполнат
    • Судење за „Пулс“: Изведени обдукциските наоди за жртвите од пожарот во кочанската дискотека
    • Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата до сега
    • Димитријевиќ: Обвинителот Савески да го повика Тошковски за случајот „Мазут“
    • Крај за вандализмот во Бутел: Општината поставува видео надзор на јавните површини и парковите
    • Пензионерите бараат објавување на компании поврзани со манипулации во храната
    • Нетанјаху дециден: Нема гласање за прекин на огнот во Либан сè додека Хезболах не ги прифати условите
    • ACI Europe: Македонија меѓу најбрзо растечките авијациски пазари надвор од ЕУ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Рокас со порака од Скопје: Нема сомнеж дека припаѓате во ЕУ, но обврските од 2022 година мора да се исполнат

    Рокас со порака од Скопје: Нема сомнеж дека припаѓате во ЕУ, но обврските од 2022 година мора да се исполнат

    05.06.2026 во 12:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска порача дека Европската унија има силна определба земјава да го започне преговарачкиот процес за членство, но потенцираше дека преземените обврски за уставните измени од 2022 година остануваат неопходен услов за напредок.

    Шефот на делегацијата на ЕУ во земјава се повика на неодамнешните пораки на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, изразувајќи надеж за конструктивност во билатералните односи со соседите во периодот што следува.

    • Како што знаете претседателот на Европскиот совет беше овде и тој даде изјава и беше доста јасен. Сите знаеме дека заложбите направени во 2022 година треба да бидат спроведени. Со тоа има голема определба Северна Македонија да го започне процесот на преговори и нема сомнеж дека земјата припаѓа на европското семејство. Работиме доста активно со цел неопходните услови да се исполнат и да одиме напред. Најважно е во меѓувреме да имаме доверба и се надевам дека нашите соседи заедно со Европската унија ќе бидат доста контруктивни во наредните денови и месеци – изјави Рокас.

    Оваа изјава евроамбасадорот ја даде за време на паузата на 23. Конференција на КОСАП во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали Брисел има „план Б“ за надминување на блокадата и ветото од источниот сосед.

    Рокас стави посебен акцент на пораката за заедништво во регионот, нотирајќи го и Самитот на Западен Балкан во Тиват, како и заедничкото писмо од францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Мерц за поедноставување на пристапниот процес.

    • На денешната конференција сите делегати придонесоа со конкретни идеи особено во однос на регионалната соработка за заедничкиот регионален пазар и за тоа како земјите од Западен Балкан и придружните земји најдобро да се подготват во однос на заедничкиот пазар на Европската унија што е доста конкуретен. Истовремено, и како да се заврши процесот (на пристапување) – рече евроамбасадорот Рокас во изјавата по првата сесија на КОСАП.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата до сега

    05.06.2026 во 11:52

    Димитријевиќ: Обвинителот Савески да го повика Тошковски за случајот „Мазут“

    05.06.2026 во 11:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.