Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Принцот Хари сака да се смири со кралското семејство
    • Сред бел ден фрла мебел и создаде депонија: Градоначалникот јавно ја објави
    • „Европска крв за американска нафта“: Чешки активисти протестираа пред амбасадата на САД во Прага
    • Во Словенија на сите вработени ќе им биде исплатен божиќен бонус
    • Ким Кардашијан се маскираше во својата ќерка Норт за Ноќта на вештерките
    • Историска казна за „Мета“: Суд во САД изрече глоба од 25 милијарди долари поради приватноста на Фејсбук
    • Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
    • Деребан: Правдата мора да им служи на граѓаните, а не да биде лавиринт низ кој сами го бараат излезот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судење за „Пулс“: Изведени обдукциските наоди за жртвите од пожарот во кочанската дискотека

    Судење за „Пулс“: Изведени обдукциските наоди за жртвите од пожарот во кочанската дискотека

    05.06.2026 во 11:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судскиот процес против 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност поврзани со катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ од 16 март 2025 година.

    На денешното рочиште пред Судот беше презентиран писмениот извештај од Институтот за судска медицина, според кој смртта кај 59 жртви била насилна и настапила како резултат на труење со јаглероден моноксид или задушување поради притисок врз градниот кош, додека четири лица починале во болница.

    Обвинителството, застапувано од обвинителката Спасенка Андонова од ОЈОГОКК, во судницата приложи и обемна медицинска документација и вештачења за 157 лица кои се здобиле со тешки телесни повреди при паничното напуштање на објектот.

    На почетокот на овој процес, сите 13 обвинети полицајци се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за трагедијата во која животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, тврдејќи дека сториле сѐ што било во нивна моќ.

    Застапничката на обвинението посочи дека во текот на обемната истражна постапка се обезбедени многубројни материјални и вербални докази кои ја докажуваат одговорноста на службените лица.

    • Содржината на обезбедените докази е преточена во диспозитивниот дел на обвинетото во кој е даден опис на дејствата на обвинетите, односно начинот на кој постапувале критичниот период што им се става на товар од 14 до 16 март 2025 и кои дејства како такви несомнено надоврзани едно на друго резултирале со сериозни последици за животот и телото на граѓани – рече обвинителката.

    Според обвинението, полицајците во дискотеката не презеле мерки да ја спречат употребата на пиротехниката, додека одбраната тврди дека тие биле присутни само неколку минути поради акциска контрола и немале сознанија дека на сцената ќе се палат пиротехнички средства.

    Прочитај повеќе

    Сред бел ден фрла мебел и создаде депонија: Градоначалникот јавно ја објави

    21.10.2026 во 22:30

    Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година

    21.10.2026 во 21:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.