Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР ја објави викенд прогнозата – Од недела многу лош пресврт со времето
    • Избегал од „Идризово“ додека издржувал казна од 12 години затвор – Полицијата го фати
    • Лафчиски меѓу началниците на генералштабовите на НАТО во Копенхаген
    • Утрински температури низ земјава: Каде се спушти живата најниско?
    • Цената на нафтата во пад трет ден по ред – Што се случува на пазарите?
    • Некои хороскопски знаци ги очекуваат пресврти: Проверете што ви носи хороскопот денеска
    • По предавањето на Бајрами – Продолжува судењето за „Државна лотарија“
    • Храна, музика и забава за целото семејство: Street Food Picnic во Центар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Крај за вандализмот во Бутел: Општината поставува видео надзор на јавните површини и парковите

    Крај за вандализмот во Бутел: Општината поставува видео надзор на јавните површини и парковите

    05.06.2026 во 11:321 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Бутел започнува со поставување на видео надзор на сите јавни површини, детски игралишта и спортско-рекреативни центри, со цел да се спречи натамошното уништување на урбаната опрема, информираше градоначалникот Дарко Костовски.

    Локалните власти се одлучија на овој чекор по зачестените појави на вандализам, каде новоизградените содржини за најмладите и за рекреативците редовно се на мета на несовесни граѓани.

    „Изминатиот период сведоци сме на уништување на јавните површини, детските играчишта, спортско рекреативните центри, како и парковите. Се обидовме да ја заштитиме урбаната опрема особено детските игралишта, спортските терени но по сите напори уништувањето продолжива. Дел од терените не траат ниту два месеци, се кршат детските реквизити, обрачите на спортските игралишта, се крши буквално целата урбана опрема“, вели Костовски.

    Градоначалникот појасни дека снимениот материјал од безбедносните камери во иднина ќе биде директно процесиран до надлежните органи за санкционирање на сторителите.

    „За таа цел со поставување на видео надзорот, снимените докази да се користат за евентуална судска кривична или прекршочна постапка со цел да имаме намалување на девијантните појави во нашата општината. Апелирам да си го чуваме општинскиот имот. Нашите деца и граѓаните на општина Бутел да имаат безбедни и современи услови за рекреирање и забава“, додава Костовски.

    Прочитај повеќе

    Храна, музика и забава за целото семејство: Street Food Picnic во Центар

    18.09.2026 во 08:04

    Ќе нема струја од 9 часот – Денеска најавено исклучување во дел од Скопје

    18.09.2026 во 07:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.