Close Menu
Press24
    Најново

    Гаши во Струга: ЕУ проширувањето клучно за стабилноста на Европа

    05.06.2026 во 11:03

    Фрлена рачна бомба врз семејна куќа, сопствениците претходно биле цел на напад – Хорор во Нов Белград

    05.06.2026 во 10:57

    Два пати доаѓала Брза помош, па и викнале и полиција – Српската пејачка заврши на Психијатрија

    05.06.2026 во 10:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гаши во Струга: ЕУ проширувањето клучно за стабилноста на Европа
    • Фрлена рачна бомба врз семејна куќа, сопствениците претходно биле цел на напад – Хорор во Нов Белград
    • Два пати доаѓала Брза помош, па и викнале и полиција – Српската пејачка заврши на Психијатрија
    • Трамп со остра порака за Киев: Без нашето оружје, Украина нема да издржи ниту еден ден или два
    • СДСМ: Владата слави проценти а граѓаните едвај врзуваат крај со крај
    • Олеснување на Евзони до септември: Грција може да го суспендира земањето отпечатоци на граница ако има големи колони
    • Вучиќ за вратениот авион со 87 Срби: Тоа се партиски активисти а не криминалци
    • ФОТО: Отишол на лов како секој друг ден – Милош го уби гром додека правел селфи, голема трагедија во Србија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гаши во Струга: ЕУ проширувањето клучно за стабилноста на Европа

    Гаши во Струга: ЕУ проширувањето клучно за стабилноста на Европа

    05.06.2026 во 11:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Проширувањето на Европската Унија претставува една од најважните политики за долгорочната стабилност, безбедност и просперитет на европскиот континент, истакна претседателот на Собранието Африм Гаши на отворањето на 23. Конференција на парламентарни комисии за европски прашања/интеграции на земјите од Процесот на стабилизација и асоцијација на Југоисточна Европа, што се одржува во Струга.

    Тој порача дека земјите од Западен Балкан припаѓаат во Европската Унија не само географски, туку и вредносно и историски, додавајќи дека регионалната соработка е клучна за забрзување на интегративниот процес.

    Гаши нагласи дека во услови на сложени геополитички, економски и безбедносни предизвици, потребни се координирани европски политики, солидарност и силни партнерства. Според него, проширувањето е најдобар инструмент за зајакнување на мирот, демократијата, владеењето на правото и стабилноста во Европа.

    Зборувајќи за регионалната поврзаност, тој истакна дека таа е клучен елемент за економска отпорност и одржлив развој, посочувајќи дека Северна Македонија има активна улога во унапредување на инфраструктурната и транспортната поврзаност во регионот.

    Гаши посочи и дека улогата на националните парламенти во процесот на интеграција е од особено значење, со одговорност за носење квалитетни закони, парламентарен надзор и одржување дијалог со граѓаните, со цел побрзо приближување кон полноправно членство во ЕУ.

    На отворањето се обрати и потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, кој истакна дека регионалната соработка и реформската агенда остануваат клучни приоритети на државата, нагласувајќи дека реформите се корисни за сите земји од регионот и за унапредување на стандардите во сите области.

    Тој изрази надеж дека процесот на проширување повторно ќе добие силен политички замав во Европската Унија и дека земјите од регионот ќе успеат заеднички да направат значајни чекори напред кон евроинтеграциите.

    Featured
    Прочитај повеќе

    СДСМ: Владата слави проценти а граѓаните едвај врзуваат крај со крај

    05.06.2026 во 10:30

    Стојаноски: Македонија заслужува предвидлив пат кон ЕУ без нови условувања

    05.06.2026 во 10:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.