Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп ја поздрави средбата меѓу Путин и Зеленски, но порача: И двајцата ќе мора да направат компромиси

    Трамп ја поздрави средбата меѓу Путин и Зеленски, но порача: И двајцата ќе мора да направат компромиси

    05.06.2026 во 09:431 Min Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави можноста за одржување директна средба меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, пренесуваат локалните медиуми во САД.

    Шефот на Белата куќа пред новинарите во Овалната соба истакна дека официјален Вашингтон имал свое влијание врз ваквиот развој на настаните на релација Москва – Киев.

    „Мило ми е што зборуваат за средбата. Мислам дека влијаевме на неа. Мислам дека би било одлично ако се сретнат“, изјави американскиот претседател.

    Трамп дополнително појасни дека доколку дојде до реализација на оваа лидерска средба, и Путин и Зеленски ќе бидат принудени да прифатат одредени отстапки.

    „Јас ги предложив тие компромиси. Тие мора да престанат. Минатиот месец беа убиени 25.000 луѓе. Војници, претежно војници. Имаше и цивили“, рече американскиот претседател.

    Оваа реакција доаѓа откако Зеленски синоќа јавно предложи директни преговори со рускиот колега во трета земја, како Швајцарија, Турција или арапските држави, на што портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговори дека украинскиот претседател може да дојде во Москва во секое време.

    Како потсетување, Русија ја започна воената инвазија врз Украина на 24 февруари 2022 година, а прашањето за прекин на огнот во моментов е во фокусот на светската дипломатија.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.