Close Menu
Press24
    Најново

    По скандалите во ИЈЗ кои ги обелодени Андоновска: ДКСК отвори предмет

    04.06.2026 во 17:13

    ВМРО-ДПМНЕ со реакција до Битиќи: Параметрите на Евростат ве демантираат, економијата се стабилизира

    04.06.2026 во 16:58

    Силно невреме со пороен дожд и засилен ветер го зафати Беровско-Пехчевскиот регион

    04.06.2026 во 16:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • По скандалите во ИЈЗ кои ги обелодени Андоновска: ДКСК отвори предмет
    • ВМРО-ДПМНЕ со реакција до Битиќи: Параметрите на Евростат ве демантираат, економијата се стабилизира
    • Силно невреме со пороен дожд и засилен ветер го зафати Беровско-Пехчевскиот регион
    • Отворен Првиот албански саем на книгата во Скопје, Меџити порача: Чекор што ја поставува албанската книга во центарот на јавниот простор
    • Се креира иднината на македонскиот туризам за следните пет години, Љутков најави модерен сектор
    • Тажна вест: Почина македонскиот балетски првенец и светски уметник Хазарос Сурмејан
    • Метео аларм од УХМР: Дожд, силни грмежи и можна суградица во Струмица и Дојран
    • Ангелов на средба со доброволните противпожарни друштва: Се подготвуваат координациите за претстојното лето
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По скандалите во ИЈЗ кои ги обелодени Андоновска: ДКСК отвори предмет

    По скандалите во ИЈЗ кои ги обелодени Андоновска: ДКСК отвори предмет

    04.06.2026 во 17:133 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека денеска на колегиум, постапувајќи согласно своите надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, а кои се однесуваат на Институтот за јавно здравје.

    Како што се посочува во соопштението на ДКСК, предметот е отворен поради потребата од проверка на наводите изнесени во јавноста и медиумите, како и согледување на евентуални ризици од корупција, судир на интереси, злоупотреба на службена положба или други неправилности во работењето, во рамките на надлежностите на ДКСК.

    -ДКСК ќе ги преземе сите потребни дејствија за прибирање и анализа на релевантната документација и информации од надлежните институции, со цел утврдување на фактичката состојба. За понатамошниот тек на постапувањето, јавноста ќе биде навремено информирана – посочуваат од ДКСК.

    Во извештајот на Државниот завод за ревизија се наведува дека во ИЈЗ постоел несоодветен начин на наградување на вработените, како и набавка на непотребна медицинска опрема, била купувана опрема која веќе ја поседувале, наместо онаа што навистина недостигала. Дополнително, биле набавувани електронски уреди како компјутери, лаптопи и мобилни телефони со пониски технолошки спецификации од оние што биле платени. Исто така, бил склучен договор за телекомуникациски услуги со двојно повисоки цени – наместо 80 илјади денари биле исплатени 1,5 милиони денари. Во извештајот се споменува и кабел долг 15 километри, набавен за 15 илјади евра, за кој не се знае каде се наоѓа.

    Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска вчера на прес-конференција по објавениот извештај на ДЗР изрази надеж дека Јавното обвинителство ќе реагира за утврдените неправилности во овој Институт пред таа да дојде на чело на институцијата.

    – И мене некои работи ми изгледаа нестварно штом дојдов на оваа функција, што се случувало пред јас да дојдам на позицијата – рече Андоновска.

    Кога стапила на директорската позиција, со нејзиниот тим констатирале дека нема реагенси и немало евиденција за нив.

    – Некои од луѓето примале плата, а не доаѓале на работа, колеги ги евидентирале дека доаѓаат на работно место, а тие за возврат им давале пари – посочи Андоновска.

    Андоновска меѓудругото информира дека пред таа да дојде на чело на ИЈЗ се случувало да се склучи договор на дело со веќе вработени лица. Се издавал простор сопственост на ИЈЗ на пекарница, нешто што, посочи таа, било спротивно на законот. Се правеле јавни набавки што не биле предвидени во годишниот план.

    На новинарско прашање Андоновска одговори дека од 44 до 88 илјади денари се добивало плус на платата на едно вработено лице за архивска граѓа, како, на пример, чистење двор. Андоновска сепак истакна дека некои од вработените во Институтот за јавно здравје си ја вршеле чесно и професионално работата, па апелира сите вработени да не се ставаат во ист кош.

    Таа увери дека повеќето од работите што се случувале во Институтот сега се надминати.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ со реакција до Битиќи: Параметрите на Евростат ве демантираат, економијата се стабилизира

    04.06.2026 во 16:58

    Силно невреме со пороен дожд и засилен ветер го зафати Беровско-Пехчевскиот регион

    04.06.2026 во 16:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.