Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Контроли на АХВ во Скопје: Состојбата со месните производи уште позагрижувачка од млечните

    Контроли на АХВ во Скопје: Состојбата со месните производи уште позагрижувачка од млечните

    03.06.2026 во 18:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Оператори со храна свесно ги доведуваат во заблуда потрошувачите преку продажба на производи чиј состав не одговара на наведеното на самите декларации, покажаа најновите анализи на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Примероците со недозволени состојки, како растителни масти, се лоцирани главно во млечната и месната индустрија.

    Гостувајќи во емисијата „Директно“ на телевизија Телма, Светлана Колариќ од АХВ информираше дека по налог на директорот на Агенцијата, во март биле спроведени засилени инспекции низ малопродажната мрежа во Скопје. Притоа, инспекторите зеле вкупно 91 мостра, поделени на 45 примери од млечни производи и млеко и 46 од сувомеснати производи.

    Колариќ детално ги образложи резултатите кои покажале кршење на пропишаните стандарди кај храната.

    „Во делот на млечните производи, анализата покажа присуство на растителна маст. Тоа е строго забрането кај производите како што се млекото, сирењето, кашкавалот, павлаката и путерот, бидејќи тие имаат загарантирано име и точно се знае каков треба да биде нивниот состав“, изјави Колариќ.

    Дополнително, претставничката на АХВ посочи дека состојбата со месните производи е уште позагрижувачка, со оглед на тоа што кај нив се забележани значително поголеми отстапувања од пропишаниот квалитет.

    „Поради притисокот на јавноста, штом ќе се анализираат сите податоци, имињата на сите производители и оператори кои го прекршиле законот ќе бидат јавно објавени. Потрошувачот е секогаш во право и мора да биде информиран кога некој му ја нарушува довербата со лажни декларации“, потенцираше таа.

    Воедно, Колариќ ги отфрли обвинувањата дека Агенцијата застанува во заштита на производителите, посочувајќи ги минатите акции за уништување небезбедна храна и блокирање на сомнителни пратки на граничните премини.

    „Ако ги штитевме производителите, немаше да бидеме толку актуелни со откривање на небезбедна и неквалитетна храна. Нашата примарна цел е заштита на потрошувачите“, заклучи Колариќ во своето гостување.

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.