Close Menu
Press24
    Најново

    Нова надеж од едно семејство: Починат донор подари срце, бубрези и коскени ткива на тешко болни пациенти

    03.06.2026 во 16:05

    Вработени во ИЈЗ не доаѓале на работа, но земале плата, за еден час потрошени 50.000 евра за прослава

    03.06.2026 во 15:52

    Предупредување од УХМР: Силно невреме со пороен дожд и грмежи се движи кон Кавадарци и Неготино

    03.06.2026 во 15:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нова надеж од едно семејство: Починат донор подари срце, бубрези и коскени ткива на тешко болни пациенти
    • Вработени во ИЈЗ не доаѓале на работа, но земале плата, за еден час потрошени 50.000 евра за прослава
    • Предупредување од УХМР: Силно невреме со пороен дожд и грмежи се движи кон Кавадарци и Неготино
    • Црна Гора забрани влез на 90 лица од Белград поради сомнеж за субверзија
    • Шилегов за судењето за „Пулс“: Со ваква конструкција нема правда, постапката ја чини државата над 100.000 евра
    • Судење за пожарот во „Пулс“: Презентирани инспекциски извештаи, одбраната реагира дека се губи во електронските докази
    • Филипче: Кошта го потврди она што ние го зборуваме со години наназад
    • Филипче: Функционерите на ВМРО имаат европски пасоши во џеб, а на граѓаните им нудат изолација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нова надеж од едно семејство: Починат донор подари срце, бубрези и коскени ткива на тешко болни пациенти

    Нова надеж од едно семејство: Починат донор подари срце, бубрези и коскени ткива на тешко болни пациенти

    03.06.2026 во 16:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Педесет и две годишен пациент кој од 2021 година чекал на националната листа за трансплантација денеска доби ново срце од донор, додека 23-годишно момче доби нов бубрег, соопшти Министерството за здравство.

    Двајцата пациенти успешно ги поминаа хируршките интервенции и во моментов се наоѓаат во стабилна здравствена состојба.

    „Во градите на 52-годишен пациент, кој од 2021 година со нетрпение и верба чекал на националната листа за трансплантација – од денес чука ново срце. Симбол на нов живот, нов почеток и неизмерна благодарност. Со оваа исклучителна одлука за органдонорство, нивниот сакан продолжува да живее во срцата, телата и насмевките на луѓе кои повторно имаат шанса. Истовремено, 23-годишно момче доби бубрег и со него, шанса за поквалитетен живот“, се наведува во официјалното соопштение на министерството.

    Од ресорното министерство упатуваат неизмерна благодарност до семејството на починатиот донор кое во најтешките мигови од животот покажало врвна хуманост.

    Покрај виталните органи, во рамки на истата процедура донирани се и коскени ткива, што ќе помогне во понатамошното лекување и закрепнување на други пациенти.

    „Министерството за здравство изразува најдлабока почит за ова храбро семејство. Нивната одлука за нас е патоказ при креирање на идните политики. Благодарност до сите здравствени работници чија посветеност, експертиза и професионалност ја имаа оваа благородна мисија за нова надеж и нов живот“, истакна во пишана изјава министерот за здравство.

    Националниот координатор за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, исто така упати јавна почит до семејството за нивната храбра и несебична одлука.

    „Кога сме сплотени и имаме една ваква хумана мисија, заеднички и тимски може да поместуваме граници“, вели проф. д-р Кузмановска.

    Прочитај повеќе

    Вработени во ИЈЗ не доаѓале на работа, но земале плата, за еден час потрошени 50.000 евра за прослава

    03.06.2026 во 15:52

    Предупредување од УХМР: Силно невреме со пороен дожд и грмежи се движи кон Кавадарци и Неготино

    03.06.2026 во 15:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.