Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп веќе седум дена не е појавен во јавноста

    Трамп веќе седум дена не е појавен во јавноста

    03.06.2026 во 13:142 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп веќе седми ден не се појавува во јавноста, што повторно ги покрена дискусиите за неговата здравствена состојба пред неговиот 80-ти роденден, кој ќе го прослави на 14 август.

    Загриженоста во американските медиуми се појави откако новинарот Арон Рупар предупреди дека Трамп нема одржано јавен настан или прес-конференција од состанокот на администрацијата на 27 мај. Оттогаш, претседателот е виден само во претходно снимено телевизиско интервју, а дополнителни шпекулации предизвика неговата неколкучасовна посета на Воено-медицинскиот центар „Волтер Рид“ пред неговото последно појавување.

    Како што пишува „Мирор“, дел од медицинските експерти изразија сериозен сомнеж за официјалните резултати од прегледите објавени од Белата куќа, каде се тврди дека претседателот е во „одлично здравје“.

    „Васкуларниот хирург Вилијам Шуце за американските медиуми изјави дека резултатите изгледаат ‘речиси премногу добри за да бидат вистинити’ за личност на возраст од Трамп. Слична реакција имаше и медицинскиот аналитичар на Си-Ен-Ен, Џонатан Рајнер, кој се запраша зошто претседателот направил уште една КТ скен на срцето само неколку месеци по претходниот преглед“, стои во извештаите.

    Самиот Трамп и неговиот личен лекар, капетанот на американската морнарица Шон Барбарела, веднаш ги отфрлија ваквите сомнежи, нагласувајќи дека за време на редовниот медицински преглед „се било совршено“ и дека тој останува во одлична физичка форма.

    Од Белата куќа редовно укажуваат дека Трамп, кој во моментов е најстариот човек кој ја преземал оваа функција во САД, е целосно способен за извршување на обврските.

    „Портпаролот на Белата куќа Дејвис Ингл неодамна изјави дека Трамп е ‘енергичен, исклучително активен и секојдневно фокусиран на решавање на проблемите и исполнување на ветувањата кон гласачите’“, се наведува во официјалниот став.

    За потсетување, минатата година на претседателот му беше дијагностицирана хронична венска инсуфициенција, а администрацијата претходно појасни дека модринките на неговите раце се резултат на секојдневното земање аспирин и честите ракувања со граѓаните.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.