Close Menu
Press24
    Најново

    Кумановец урнал куќа која била заштитено културно наследство

    02.06.2026 во 22:16

    Длабока почит за најхуманиот чин: Медицинскиот тим се поклони кон починатиот органодарител

    02.06.2026 во 21:57

    Муртезани: Тврдам дека и во следниот извештај Македонија ќе биде прва земја од ЗБ по однос на спроведени реформи

    02.06.2026 во 21:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кумановец урнал куќа која била заштитено културно наследство
    • Длабока почит за најхуманиот чин: Медицинскиот тим се поклони кон починатиот органодарител
    • Муртезани: Тврдам дека и во следниот извештај Македонија ќе биде прва земја од ЗБ по однос на спроведени реформи
    • Јелена Розга ја откри тајната на својот младешки изглед
    • СДСМ: Кошта јасно кажа – уставните измени се единствениот пат, Мицкоски ги лажеше граѓаните
    • Андоновска: Ние баравме ревизија – бил купен мрежен кабел за 15.000 евра
    • Слаткар: Одлучивме филмот да се реализира без средствата од Агенцијата за филм – се гледаме на премиера
    • Москва тврди: Уништени десет воени производствени погони во Киев
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кумановец урнал куќа која била заштитено културно наследство

    Кумановец урнал куќа која била заштитено културно наследство

    02.06.2026 во 22:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Педесет и двегодишник од Куманово ќе се гони кривично под сомнение дека урнал куќа која била дел од заштитено културно наследство и на државно земјиште изградил нов објект.

    Кривична е поднесена и против градежна инспекторка која донела решение врз неточно утврдена фактичка состојба.

    – СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ф.(52) и Л.Т.(52), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство и природни реткости“, „бесправно градење“, „узурпација на недвижности“ и „несовесно работење во службата“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

    Како што појаснуваат од МВР, првопријавениот, во 2023 година, срушил и уништил куќа- заштитен објект на културно наследство, на кој била поставена спомен плоча на народниот херој Киро Нацев Фетак, кој објект, согласно член 20 од Законот за меморијални споменици и спомен обележја е заведен во регистер на спомен обележја како заштитен објект на културно наследство и е заведен во програма за одбележување на значајни настани и личности  со спомен обележја во општина Куманово.

    – На таа локација, првопријавениот, во својство на инвеститор на градба извршил градежни работи и изградил градба од втора категорија, без претходно одобрение за градење издадено од Сектор за урбанизам при општина Куманово, со што постапил спротивно на член 59 од Закон за градење, а објектот го изградил на земјиште сопственост на државата, појаснуваат од полицијата.

    Според МВР, второпријавената како овластен градежен инспектор несовесно постапила во вршењето на своите должности и овластувања на начин што донела решение врз основа на нецелосна и неточно утврдена фактичка состојба, а која била должна да ја утврди согласно член 9 од Закон за инспекциски надзор во врска со член 2 а од Закон за градење.

    Прочитај повеќе

    Потврда и од ОЈО ГОКК: Вршиме акција за сторени кривични коруптивни дела

    02.06.2026 во 17:12

    Финансиска полиција: Уапсени се повеќе лица – вршиме претреси

    02.06.2026 во 17:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.