Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси
    • Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година
    • Македонското обвинителство ја зајакнува соработката со Словенечката развојна академија: Акцент на финансиски истраги и ЕУ-реформи
    • Син ми е нападнат од негов соученик – Загрижена мајка пријавила во полиција
    • Погледнете какви температури се измерени ширум Македонија вечерва во 20 часот
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски од Горно Оризари: Дадениот збор се оправдува со работа, завршена е реконструкцијата на улицата и новите терени за жителите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ, Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

    (ВИДЕО) Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ, Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

    02.06.2026 во 12:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опозицискиот СДСМ преку прес-конференција на портпаролката и членка на Извршниот одбор, Богданка Кузеска, упати остри критики до Владата и вицепремиерот Иван Стоилковиќ во однос на надворешнополитичкиот курс на државата.

    Од партијата реагираат на неговото последно меѓународно учество во рамки на регионален форум.

    „Додека граѓаните чекаат реформи и европска иднина, вицепремиерот Иван Стоилковиќ, најблизок соработник на Мицкоски и втор човек во државата, се обраќа на 7. состанок на локалните лидери на Кина, заедно со српската делегација“, изјави Кузеска.

    Таа ја доведе во прашање оправданоста на ваквите дипломатски чекори со оглед на преземените меѓународни обврски на земјата.

    „Во земја која полноправна членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија, вториот човек на владата отворено промовира стратешка соработка со Кина?“, праша портпаролката на СДСМ.

    Во своето излагање, Кузеска упати и низа директни обвинувања за политичките релации на вицепремиерот.

    „Човекот кој јавно се дружи со „Ноќните волци“ на Путин, кој слави со проруските структури во Република Српска и кој е тесно поврзан со српските безбедноските служби, сега директно заговара продлабочување на врските со Пекинг. Ова не е „дипломатија“. Ова е јасна антиевропска и антизападна политика на криминалната група на власт“, подвлече таа.

    Според СДСМ, актуелната владејачка коалиција свесно го кочи процесот на евроинтеграции.

    „Мицкоски, Стоилковиќ и ВМРО не сакаат во Европа. Не сакаат реформи. Не сакаат правда. Сакаат изолација, зависност од автократии и продолжување на криминалот без контрола“, обвини Кузеска.

    Прес-конференцијата беше заокружена со порака до јавноста и повик за итна промена на владините приоритети.

    „Граѓаните веќе јасно гледаат: владата на Мицкоски со едната рака ветува ЕУ, а со другата работи за Кина и руските интереси. Доста е со двојната игра! Реформи сега. Европа сега“, заклучи Кузеска.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.