Close Menu
Press24
    Најново

    Ова се двата најчувствителни знака во Зодијакот: Сè доживуваат подлабоко од другите

    14.08.2026 во 23:42

    Стефковски: Вонредно прскање против комарци на повеќе локации во Гази Баба

    14.08.2026 во 23:20

    Ќе добие ли половина од неговото богатство? Еве што би се случило со Георгина Родригез ако се разведе од Кристијано Роналдо

    14.08.2026 во 23:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ова се двата најчувствителни знака во Зодијакот: Сè доживуваат подлабоко од другите
    • Стефковски: Вонредно прскање против комарци на повеќе локации во Гази Баба
    • Ќе добие ли половина од неговото богатство? Еве што би се случило со Георгина Родригез ако се разведе од Кристијано Роналдо
    • Браво момци: Пожарот во село Бојане ставен под делумна контрола – жителите не се во опасност
    • (ВИДЕО) Голем пожар над селото Бојане – се шири кон Јегуновце
    • Стоилковски: Филипче си ја злоупотреби внуката за јавно да лаже, денеска во Гостивар никој не лажеше
    • Во тек е меѓународна координирана акција против организирана криминална група
    • Адеми објави слика од Ахмети: Вистинската промена го носи неговото име
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија целосно усогласена со ЕУ: Воведен нов транзитен царински систем

    Македонија целосно усогласена со ЕУ: Воведен нов транзитен царински систем

    02.06.2026 во 11:171 Min Read
    Царинската управа - Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Целокупната трговија што транзитира низ земјава од 1 јуни се одвива преку новиот компјутеризиран транзитен систем – Фаза 6, со што државата целосно се усогласува со стандардите што се применуваат во Царинската унија на ЕУ, соопшти Царинската управа.

    Воведувањето на НКТС Фаза 6 е дел од обврските предвидени со Планот за раст, при што Царинската управа ја потврдува својата посветеност на забрзаната интеграција во единствениот пазар на ЕУ.

    Со овој чекор, македонскиот царински транзитен систем е целосно усогласен со системите што ги применуваат околу 80 проценти од земјите членки на Конвенцијата за заеднички транзит, вклучувајќи ги Германија и Грција.

    Системот овозможува поднесување на единствена транзитна декларација, заедно со безбедносни најави, што треба да придонесе за олеснување на трговијата и намалување на ризиците од застои на граничните премини.

    Од Царинската управа посочуваат дека имплементацијата претставува клучен исчекор во модернизацијата на работењето и носи директни придобивки за бизнис-заедницата и економскиот раст.

    „Европа не се освојува со зборови, туку со реформи и резултати. Ние реформите ги спроведуваме, а резултатите се видливи и лесно мерливи“, истакнува директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Од 15 до 30 степени, температурите низ Македонија во моментов – Следи пресврт со времето

    14.08.2026 во 11:21

    Историски раст на авиосообраќајот: Скопје и Охрид над 2 милиони патници за шест месеци

    14.08.2026 во 11:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.