Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот, работиме на многу фронтови

    01.06.2026 во 21:50

    Почина сопругата на Халид Бешлиќ, осум месеци по смртта на пејачот

    01.06.2026 во 21:34

    Трамп: Преговорите со Иран забрзано продолжуваат, Израел и Хезболах го прекинуваат конфликтот

    01.06.2026 во 21:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот, работиме на многу фронтови
    • Почина сопругата на Халид Бешлиќ, осум месеци по смртта на пејачот
    • Трамп: Преговорите со Иран забрзано продолжуваат, Израел и Хезболах го прекинуваат конфликтот
    • ВЛЕН: Благодарност до Арбен Фетаи за неговиот ангажман и придонес
    • Муцунски: Владата работи посветено, повторно ќе бидеме први по бројот на испорачани реформи
    • Муцунски: Повторно ќе бидеме први по бројот на испорачани реформи
    • Меморандум за соработка меѓу македонското и португалското јавно обвинителство
    • Конески: Крајно време е да имаме национален консензус дека влезот во ЕУ не треба да биде со коленичење и срамни предавства
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски: Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот, работиме на многу фронтови

    Николоски: Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот, работиме на многу фронтови

    01.06.2026 во 21:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија ќе има најдобри автопатишта во региoнот. Речиси три децении немаше инвестиции во патната инфраструктура, Ние како Влада ги придвижуваме работите и работиме на неколку фронтови, истакна вицепремиерот Александар Николоски во поткастот “ Риштази”.

    -Македонија ќе има одлични автопатишта, би рекол, најдобри во регионот во следниве години како ќе ги завршуваме проектите. Факт е дека ние изгубивме најмалку 3 децении, мислам, на последните две децении на 20 век, 80-тите и 90-тите години и првата деценија на 21 век, така што еднo 30 години речиси никакви инвестиции во патната инфраструктура не донесе во ситуација каква што не донесе. Први големи инвестиции почнаа да се случуваат таму некаде 2013-2014 година, па после имаше одредени застои, се обидуваме како влада повторно да ги задвижиме. Ние работиме на многу фронтови, истакна вицепремиерот Николоски.

    Работиме на многу фронтови. Речиси го завршивме источното крило на Коридор 8, сега интензивно работиме и на изградба на нови автопати на западното крило на Коридор 8, вели вицепремиерот Николоски во поткастот “ Риштази”

    -Имено од Страцин до Крива Паланка се изгради експресен пат, изградивме и рехабилитиравме обиколница на Крива Паланка и граничниот премин со Бугарија, сега одиме на втора фаза на проширување на граниќниот премин. Со ЕУ ќе го работиме потегот од Куманово до Страцин. На западното крило веќе интензивно работиме на Тетово-Гостивар. Без разлика што беше потпишан овој договор пред оваа Влада да биде избрана, реалните градежни активности на терен започнаа со изборот на оваа Влада. Работиме исто така на Гостивар до Букојчани, популарната Стража, исто така почнаа активностите со оваа Влада. Тоа е најтежок терен, практично планините се совладуваат таму. При крај сме на евалуација со Европската банка за обнова и развој за уште еден автопат. Тој автопат е од Букојчани до Кичево. Така што тоа ќе биде комплетно нов автопат, кој ќе го започнеме. И од таму веќе е Кичево-Охрид кој интензивно се работи. Веќе 37 километри пуштивме, остануваат уште 20 да ги завршиме до крајот на годината. При крај сме исто така на евалуација и на избор на изведувач за Скопје-Блаце, исто така со Европската банка за обнова и развој, истакна вицепремиерот Николоски.

    Прочитај повеќе

    Премиерот: Имаме најевтини горива во регионот

    01.06.2026 во 19:25

    МФ: Усвоена Стратегијата за управување со јавниот долг 2027–2029, јавниот долг останува стабилен и одржлив

    01.06.2026 во 16:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.