Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси
    • Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година
    • Македонското обвинителство ја зајакнува соработката со Словенечката развојна академија: Акцент на финансиски истраги и ЕУ-реформи
    • Син ми е нападнат од негов соученик – Загрижена мајка пријавила во полиција
    • Погледнете какви температури се измерени ширум Македонија вечерва во 20 часот
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски од Горно Оризари: Дадениот збор се оправдува со работа, завршена е реконструкцијата на улицата и новите терени за жителите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Владата ја кочи европската перспектива и не ја спроведува реформската агенда

    Филипче: Владата ја кочи европската перспектива и не ја спроведува реформската агенда

    01.06.2026 во 14:222 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати обвинувања до премиерот Христијан Мицкоски за намерно неспроведување на реформската агенда и кочење на европската перспектива на државата.

    Поводите за оваа реакција, според опозицискиот лидер, доаѓаат по истекот на рокот, 1 јуни, кој бил поставен за усвојување на дел од клучните закони во Собранието.

    Според податоците што ги изнесе Филипче, од предвидените 16 закони кои требало да бидат донесени до јуни 2025 година, усвоени биле само шест, додека од десетте закони за кои бил продолжен рокот до јуни 2026 година, донесени се само два.

    „Реализацијата е само 20 проценти, што покажува дека Владата нема ниту капацитет ниту волја да ги спроведе реформите“, изјави Филипче.

    Тој посочи дека и дел од законите што Владата ги смета за реализирани не се усогласени со европските стандарди, апострофирајќи ги Законот за електронски комуникации и Законот за Судски совет.

    „Законот за Судски совет не е донесен согласно препораките на оценската мисија, туку претставува манипулација со која се обидуваат да ја доведат во заблуда Европската Унија“, истакна Филипче.

    Опозицијата нотира дека постои и дополнителна листа од 33 закони кои сè уште не се донесени, а се клучни за агендата и треба да бидат усвоени до крајот на 2026 година, додека истовремено се доцни и со актите во енергетиката и финансиската транспарентност.

    Филипче направи споредба со регионот, потенцирајќи дека Црна Гора и Албанија веќе ги затвораат преговарачките поглавја, додека реформите во земјава стагнираат, по што упати јавен повик до Владата за распишување референдум.

    „На крај памет не ви паѓа како живеат граѓаните тука во државата. Распишете референдум и час поскоро продолжете го европскиот пат затоа што немате право никакво ни политичко ни морално ова да и го правите на Македонија и на генерациите коишто со години чекаат да се случи европската приказна. Посебно на новите и младите генерации кои ако не го направите чекорот којшто не е никаков ризик нашиот идентитет и јазик едноставно тука ќе се иселуваат во се поголем број“, порача Филипче.

    На крајот, претседателот на СДСМ предупреди дека понатамошното одложување на обврските ќе резултира со масовно иселување на младите луѓе и неповратно губење на шансите за европска иднина.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран

    18.09.2026 во 17:44

    Левица: Влегуваме во битка со намалувањето на боледувањата

    18.09.2026 во 14:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.