Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Заменик-командантот на НАТО предупредува: Путин станува сè поопасен, невнимателен и склон кон ризици
    • Трамп со остри обвинувања: Канада се уништува самата себеси со неконтролирана миграција
    • Нападната и ограбена 84-годишна скопјанка
    • Папата Лав повикува на глобална акција за помош на децата мигранти
    • Манасиевски до Николовски: Кукавиците бегаат и се кријат, јавноста очекува одговори, не празни флоскули
    • Истрага во Скопје: Физички нападнат лекар-гинеколог во ординација во поликлиниката „Букурешт“
    • Полска ги подигна борбените авиони: Руски хеликоптер навлегол во воздушниот простор
    • Маж со речиси 3 промили алкохол ја претепал сопругата на пазар – ужас во соседството
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицијата прави чистка: Пишани 17.000 сообраќајни казни, одземени 238 возила

    Полицијата прави чистка: Пишани 17.000 сообраќајни казни, одземени 238 возила

    01.06.2026 во 13:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    16885 сообраќајни прекршоци во мај, 4.473 за непочитување на пропишаната брзина, одземени се 238 возила по член 300-б од Кривичниот законик

    Во текот на изминатиот месец како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 16885 издадени платни налози, 4.473 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, 3851 за непрописно паркирање, 920 за користење мобилен телефон.

    По однос на прекршоци по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“, санкционирани се 70 возачи за возење под дејство на алкохол, 241 за возење без возачка дозвола, 33 поради претходно изречена забрана за управување на возило. Во истиот период одземени се 238 возила по член 300-б од Кривичниот законик.

    Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 1281 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 295 пешаци. Исто така, санкционирани се 1584 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 240 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 83 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 55 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

    Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

    Прочитај повеќе

    Нападната и ограбена 84-годишна скопјанка

    23.09.2026 во 17:19

    Истрага во Скопје: Физички нападнат лекар-гинеколог во ординација во поликлиниката „Букурешт“

    23.09.2026 во 16:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.