Вчера во ОВР Радовиш е пријавено дека во периодот од 12:00 до 15:30 часот на место викано „Лакавица“ на регионалниот пат од с.Дедино кон с.Конче, општина Конче, 55-годишниот З.С. од с.Конче, управувајќи трактор „торпедо“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и со тракторот паднал во провалија.
Од екипа на Територијална противпожарна единица Радовиш и екипа на Итната медицинска помош Радовиш возачот на тракторот е извлечен и пренесен во Клиничка болница Штип, каде му се констатирани тешки телесни повреди. По извршени проверки, било констатирано дека З.С. го управувал тракторот, без да поседува возачка дозвола.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш.
- Тошковски на конференцијата „Безбедност 2030“ во Охрид: Безбедносните предизвици не се решаваат со стари методи
- Во недела е тежок празник и строг пост
- Страшна несреќа во соседството: Автобус се судри со автомобил на автошкола, меѓу повредените и деца
- Земјотрес ја погоди Црна Гора
- Лоши вести за возачите: Нафтата драстично скокна
- Тренчевска: Владата планира пет нови рудници во Нацрт-просторниот план, под знак прашалник влијанието врз животната средина
- Од март следната година директен лет на „Flydubai“ на релација Дубаи – Скопје
- Ѓорѓиева: Владата посветено работи на нови можности за развој на економијата

