Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Силно невреме однесе два животи на автопат во Германија, едно лице се бори за живот

    Силно невреме однесе два животи на автопат во Германија, едно лице се бори за живот

    01.06.2026 во 09:352 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Грозоморна сообраќајна несреќа со фатални последици се случи попладнево на федералниот автопат 35 во близина на Брухсал, Германија. Во челен судир на две возила, животот го загубија две лица, а едно со тешки повреди е пренесено во болница.

    Полицискиот извештај вели дека до несреќата дошло откако автомобил скршнал во спротивната лента за време на силна бура и директно удрил во возило кое се движело во својата насока.

    Според информациите на германските служби, 65-годишен возач ја изгубил контролата врз својот автомобил додека возел кон градскиот округ Хајделсхајм, објави 4news.mk. Во другиот автомобил се наоѓале 55-годишен возач и 54-годишен патник, кои починале на местото на настанот.

    Поради сериозноста на повредите кај возачот кој го предизвикал судирот, на терен морал да интервенира спасувачки хеликоптер кој го транспортирал до најблиската болница. Автопатот остана блокиран неколку часа за да се овозможи расчистување на патот и полициски увид.

    Како главен фактор за несреќата се посочуваат влошените услови на патот предизвикани од силното, но кратко невреме во регионот, кое довело до појава на аквапланинг.

    „Аквапланингот е опасен феномен на возење во кој гумите губат контакт со површината на патот и буквално лебдат по слој вода. Се јавува кога водата се насобира помеѓу гумата и патот побрзо отколку што жлебовите во гумата можат да ја истуркаат надвор. Потоа автомобилот почнува да плови по водата и повеќе не може да се управува или сопира.“

    Прочитај повеќе

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Земјотрес ја погоди Србија

    29.10.2026 во 22:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.