Close Menu
Press24
    Најново

    Алијанса на Албанците стана „Албанска лига” – Села едногласно избран за претседател

    01.06.2026 во 07:47

    Пред Собранието ќе одекне гласот на децата против насилството

    01.06.2026 во 07:45

    Филипче: Внесувањето на Бугарите во Уставот нема да го загрози македонскиот идентитет

    01.06.2026 во 07:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Алијанса на Албанците стана „Албанска лига” – Села едногласно избран за претседател
    • Пред Собранието ќе одекне гласот на децата против насилството
    • Филипче: Внесувањето на Бугарите во Уставот нема да го загрози македонскиот идентитет
    • Ќе се прска против комарци во Скопје
    • Гаши и Муцунски ќе се обратат на 14. пленарна сесија на Меѓународниот парламент за толеранција и мир
    • Сонце и 34 степени, па силно невреме – Од четврток времето се менува
    • Близнаците на Џенифер Лопез полнат 18 години: Сакам да одат на колеџ, но плачам зашто ќе заминат од дома
    • Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, а веќе се градт и првите две фабрики
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алијанса на Албанците стана „Албанска лига” – Села едногласно избран за претседател

    Алијанса на Албанците стана „Албанска лига” – Села едногласно избран за претседател

    01.06.2026 во 07:471 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На конгресот одржан во Тетово, партијата Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села официјално го промени името во Албанска лига. Делегатите едногласно ја поддржаа промената, а со 713 гласа „за“, Села беше избран за претседател на новоформираниот политички субјект.

    Конгресот се одржа под мотото „Лигата е жива“, а по изборот Села истакна дека функцијата носи голема одговорност кон членството, делегатите и идните генерации.

    „Некој можеби мисли дека сум навикнат често да се качувам на оваа сцена, но не е така. Секогаш доаѓам со емоции и чувство на одговорност. Таа одговорност, порано како Алијанса за Албанците, а денес како Албанска лига, ја имаме пред генерациите што ќе ги наследат одлуките кои денес ги носиме“, рече Села.

    Во своето обраќање тој порача дека Албанска лига нема да биде дел од актуелната Влада.

    „Вратите на срамот никогаш не се затвораат. Тоа е врата на срамот. Низ таа врата Албанската лига и нејзините пратеници нема да влезат. Ние знаеме и да излеземе од тие врати, како што сме покажале и во минатото“, изјави Села.

    На конгресот беше усвоена и политичката платформа на Албанската лига, како и повеќе резолуции предложени од партиското раководство.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Пред Собранието ќе одекне гласот на децата против насилството

    01.06.2026 во 07:45

    Филипче: Внесувањето на Бугарите во Уставот нема да го загрози македонскиот идентитет

    01.06.2026 во 07:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.