Close Menu
Press24
    Најново

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    ФОТО: Падна првиот снег и во Македонија

    23.09.2026 во 11:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин
    • И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки
    • Тинејџер ја натепал баба му
    • 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
    • Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи 
    • Уставниот суд не поведе постапка за одредбите од Изборниот законик
    • Во Ормуска Теснина погоден товарен брод
    • Чистење на речните корита и други критични локации на територијата на Општина Охрид
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу: Здравствената инфраструктура – столб на модерниот здравствен систем, реализираме стратешки капитални проекти

    Алиу: Здравствената инфраструктура – столб на модерниот здравствен систем, реализираме стратешки капитални проекти

    30.05.2026 во 10:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за здравство продолжува со интензивна реализација на стратешките капитални проекти кои ќе ја трансформираат здравствената инфраструктура во целата земја. Овие активности беа детално презентирани на 10-тиот состанок на секторската работна група за здравство.

    „Нашата визија е многу јасна, а тоа е достапно и квалитетно здравство за сите граѓани, дигитално поврзан систем и силна примарна здравствена заштита. Инвестицијата во инфраструктура не е само градба на ѕидови туку инвестиција во луѓето, во системот и во иднината на нашата земја. Заедно градиме модерно и хумано здравство“, вели министерот за здравство, Азир Алиу.

    Меѓу приоритетните капитални проекти кои се изградба на нова Клиничка болница во Штип, Општа болница во Кичево, Клиничка болница во Тетово, Центар за рани и гангрени на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември” во Скопје, а во следната фаза нов Клинички центар. Покрај тоа, напредуваат и проектите за хумани и социјални инвестиции, како што се уредување на услови за судски пациенти во Психијатриската болница-Скопје и Иновативен хаб во Кочани.

    Паралелно со капиталните проекти, се реализираат и стратешки здравствени проекти, како е Ургентен центар за токсикологија, развој на ин витро капацитети за гинекологија и засилена интензивна нега во кардиологијата.

    „Модерната инфраструктура значи и дигитализација. Национални дигитални платформи, лабораториски мрежи, системски дигитални решенија и интегрирани услуги – тоа се проектите кои ќе го направат нашиот здравствен систем поблизок до секој граѓанин, без разлика каде живее во државата“, заклучува министерот Алиу.

    Прочитај повеќе

    И се заканувал на сопругата, и извадил и нож – маж заврши зад решетки

    23.09.2026 во 19:59

    Тинејџер ја натепал баба му

    23.09.2026 во 19:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.