Close Menu
Press24
    Најново

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”

    (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”

    28.05.2026 во 13:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид на терен на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, заедно со деканот на Градежниот факултет, инспекциските служби на Општина Центар и стручни лица, каде се спроведуваат итни мерки за обезбедување и стабилизација на просторот по евидентираното свлечиште на земјиштето во непосредна близина на градежен зафат.

    Согласно стручните насоки и експертското мислење доставено од Градежниот факултет, денеска започна затрупување и обезбедување на земјиштето на градилиштето, со цел стабилизација на теренот, спречување на дополнителни оштетувања и заштита на безбедноста на граѓаните и околните станбени објекти.

    Герасимовски упати благодарност до деканот и стручниот тим на Градежниот факултет, кои веднаш излегоа на терен и дадоа конкретни насоки за надминување на состојбата.

    „Безбедноста на граѓаните нема цена. Од првиот момент реагиравме веднаш, а денеска на терен заедно со стручните лица ги следиме активностите за стабилизација на просторот. Голема благодарност до деканот и тимот на Градежниот факултет за експертската помош и професионалниот пристап. Ќе постапуваме строго и без компромис кога се работи за неодговорно и несовесно градење“, изјави Герасимовски.

    Инспекциските служби на Општина Центар и натаму се на терен и продолжуваат со надзорот и постапувањето. Досега се изречени повеќе санкции, а постапките против инвеститорот и изведувачот продолжуваат, откако е утврдено дека дел од градежните активности не биле изведувани согласно одобрението за градење издадено од Општина Центар.

    Општина Центар останува целосно посветена на надминување на состојбата, обезбедување на просторот и утврдување одговорност за сите констатирани неправилности.

    Прочитај повеќе

    Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини

    28.10.2026 во 16:36

    (ФОТО) Ѓорѓиевски заедно со колегите и илјадници граѓани повторно ги засукаа ракавите: Да оставиме пример, не ѓубре

    28.10.2026 во 12:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.