Close Menu
Press24
    Најново

    Која е сопругата на Лионел Меси? Таа се откажа од факултет поради него, а денес е ѕвезда

    08.07.2026 во 23:42

    72-годишен маж доби кривична пријава, со остар предмет ѝ упатувал закани на неговата сопруга

    08.07.2026 во 23:17

    19-годишник нападнат од тројца тинејџери, кај нив најдени тврди предмети и нож

    08.07.2026 во 22:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Која е сопругата на Лионел Меси? Таа се откажа од факултет поради него, а денес е ѕвезда
    • 72-годишен маж доби кривична пријава, со остар предмет ѝ упатувал закани на неговата сопруга
    • 19-годишник нападнат од тројца тинејџери, кај нив најдени тврди предмети и нож
    • Пет лица приведени по осум пријави за семејно насилство во едно деноноќие
    • Три лица приведени на фудбалски натпревaр
    • Грците воведуваат посебни мерки поради отровните зајачки риби
    • Без вода и без струја утре повеќе улици во Скопје
    • Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Ѕидовите зборуваат, доказите молчат“: Обвинителството тврди дека парите во ѕидот се од трговија со влијание, одбраната на Ристов вели дека се легални

    „Ѕидовите зборуваат, доказите молчат“: Обвинителството тврди дека парите во ѕидот се од трговија со влијание, одбраната на Ристов вели дека се легални

    28.05.2026 во 11:573 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со воведни зборови на Обвинителството и одбраната, во Одделот за гонење организиран криминал денеска почна судскиот процес против апелациониот судија Ѓоко Ристов. Тој се товари за две кривични дела: „Противправно стекнување и прикривање имот“ и „Перење пари“, откако истражителите во неговиот семеен дом во Неготино пронајдоа скриени 350.000 евра. Пред судијката Билјана Коцевска, обвинетиот изјави дека не се чувствува за виновен.

    Обвинителката Искра Хаџи Василева во својот воводен збор истакна дека Ристов свесно презел дејствија спротивно на одговорноста на која го повикува судската тога и дека дал погрешни податоци за својата имотна состојба.

    „Ние ќе ја докажеме неговата намера за лажење. Тој противправно стекнал и не пријавил 450 просечни плати во ѕид или 350.000 евра. Тоа ги надминува неговите месечни приходи. Никогаш тој имот не го пријавил, зашто нема законска основа за нивното потекло. Тоа нè носи кон второто дело Перење пари. Беа завиткани во фолии во банкноти по 500 и по 200 евра, закопани во дупки во цигли и зад плочки и зад кујнски елементи, на вториот кат. Овие пари потекнуваат од трговија со влијаниние, ние ќе го докажеме тоа. Обвинетиот даде лажни податоци, не се покаја, а судија е”, кажа обвинителката Хаџи Василева, додавајќи дека тој не пријавил ниту стан во Карпош, од каде што денеска бил спроведен од куќен притвор.

    Одбраната, предводена од адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, ги отфрли обвинувањата како неосновани и нагласи дека парите биле пронајдени во куќа која не е негова сопственост.

    „Ѕидовите зборуваат, а доказите молчат, такво е ова обвинение. Ќе одговориме на холивудскиот наратив на Обвинителството и на нивниот неиздржан филм користејќи го емотовниот нартив на јавноста. Мојот клиент кој професионално си ја извршува работата, беше осуден во јавноста уште пред да почне судењето. Најдени се пари во ѕид на туѓа куќа и не постои доказ кој го поврзува со неговата функција. Ќе докажеме со документи дека неговите родители легално го стекнале овој имот. Второто дело Перење пари е чист сензационализам и претпоставки”, рече адвокатот Давидовиќ.

    По него, збор зеде и самиот обвинет судија кој, повикувајќи се на Кривичниот законик, образложуваше зошто во овој случај не може да се работи за делото „Перење пари“.

    Според обвинението, Ристов како судија во Апелациониот суд Скопје, од 10 февруари 2020 година давал лажни податоци за својот и за имотот на семејството. Деталите од истрагата покажуваат дека парите биле откриени дури по неколку претреси во куќата во Неготино. На 18 јануари, истражителите ја пронашле дупката во кујната преку различен звук при тропање и лошо залепена плочка.

    Претресот уследил откако претходно бил фатен адвокатот Фехмо Стафа при примање на 50.000 евра, кои во истрагата изјавил дека се наменети за Ристов. Во ѕидот биле пронајдени спакувани 13 пакувања со вкупно 610 банкноти од по 500 евра и 225 банкноти во апоени од по 200 евра, од кои на дел имало рачно испишани износи. Обвинителството тврди дека има цврсти докази за сопственоста на парите и за начинот на кој биле прикривани.

    Прочитај повеќе

    72-годишен маж доби кривична пријава, со остар предмет ѝ упатувал закани на неговата сопруга

    08.07.2026 во 23:17

    19-годишник нападнат од тројца тинејџери, кај нив најдени тврди предмети и нож

    08.07.2026 во 22:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.