Close Menu
Press24
    Најново

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина легендарниот Мишо Ковач
    • Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
    • Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
    • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
    • Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
    • Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР воведува кодекс за облекување: Нема да може да подигнете документи со тренерки или папучи

    МВР воведува кодекс за облекување: Нема да може да подигнете документи со тренерки или папучи

    28.05.2026 во 11:431 Min Read
    МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи информира дека воведува кодекс за облекување за сите вработени и странки кои ги посетуваат објектите на Одделот за граѓански работи.

    Како што соопштуваат од МВР, целта на кодексот е одржување на професионалниот стандард, дигнитетот на институцијата и меѓусебната почит.

    -Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и почитување на државните институции. Во таа насока, ги замолуваме сите граѓани пред доаѓање во нашите простории за подигнување лични документи, пасоши или други административни услуги да се погрижат нивниот изглед да биде во рамките на општоприфатените норми за јавни институции, информираат од МВР.

    Според новите правила, како неприфатлива облека при влез во службените простории се смета премногу кратка и тесна облека, облека што прекумерно открива делови од телото, како и облека наменета за домашна употреба, плажа или ноќни клубови. Исто така, опфатени се и тренерки и спортска облека, облека со навредлива содржина, како и несоодветни обувки како влечки, папучи, кломпи, налани и апостолки.

    Од МВР додаваат дека и вработените во Одделот за граѓански работи се должни да го почитуваат утврдениот кодекс за облекување.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.