Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не ги интересира ни народот ни државата туку само пари и моќ

    10.06.2026 во 09:27

    ФОТО: Го натоварил автобусот со пури и тргнал на пат – Голема заплена на македонската Царина

    10.06.2026 во 09:26

    Скандал во Париз: Суспендирани 52 лица поради сексуално насилство врз деца во воннаставни активности

    10.06.2026 во 09:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не ги интересира ни народот ни државата туку само пари и моќ
    • ФОТО: Го натоварил автобусот со пури и тргнал на пат – Голема заплена на македонската Царина
    • Скандал во Париз: Суспендирани 52 лица поради сексуално насилство врз деца во воннаставни активности
    • Силно невреме со град и грмотевици и во Србија – Метео предупредување и за Македонија и цел регион
    • Масакр во паб во Јоханесбург: Вооружени напаѓачи пукале на случаен избор, најмалку девет мртви
    • Украински дронови и ракети погодија цели низ цела Русија, на удар и Москва
    • Дневен хороскоп: Ракот под притисок на критики, Лавот има потреба од изолација, Рибите да го забават темпото
    • ВРЕДИ: Северна Македонија и Турција ја обновија соработката во патниот транспорт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судење за „Пулс“ – Одбраната на Стојанов бара укинување на притворот

    Судење за „Пулс“ – Одбраната на Стојанов бара укинување на притворот

    28.05.2026 во 11:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со изведување на материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

    Пред Судот беа презентирани докази поврзани со објектот, неговата сопственост и движењето на имотот, односно целокупната фактичка, правна и сопственичка историја на објектот во кој се наоѓала дискотеката.

    Беа презентирани и 19 записници од вршење увид од комунални инспектори во кафе-бар „Класик“, во кои како управител се наведува Митко Стојанов, а увидите биле извршени во негово присуство.

    Потоа беа приложени докази поврзани со барање од Никола Кузманов за изградба на деловен објект од 1999 година, заедно со план, проект и елаборат за градба, како и одобрение за градба издадено од Министерството за урбанизам и градежништво.

    Презентирана беше и документација од Гроздан Милковски – сопственик на имотот на кој се наоѓала и функционирала дискотеката „Пулс“, како и документи поврзани со легализација на бесправна градба и доградба на објектот извршена без соодветна документација.

    На претходното рочиште беа изведени видео-снимки и фотографии од објектот и од критичната вечер, како и материјали од периодот додека клубот функционирал.

    На почетокот на денешното рочиште, Судот укажа дека доказите се доставени во оригинал и дека одбраната може да изврши увид доколку сака.

    Одбраната на Митко Стојанов достави предлог за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерки за претпазливост, наведувајќи дека тој подолг период е без работа и приходи и има обврски за отплата на хипотекарен кредит.

    Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на државата. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

    Top News
    Прочитај повеќе

    ФОТО: Го натоварил автобусот со пури и тргнал на пат – Голема заплена на македонската Царина

    10.06.2026 во 09:26

    Силно невреме со град и грмотевици и во Србија – Метео предупредување и за Македонија и цел регион

    10.06.2026 во 09:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.